Објавено на:
29/08/2025
Почитувани кандидати, ве известуваме дека запишувањето на рангираните кандидати според решението за прием во првиот уписен рок ќе се изврши во новиот голем Амфитеатар (на истото место каде се поднесуваа документите) според следниот распоред:
на ден 04.09.2025
- Рангирани на Софтверско инженерство и информациски системи (СИИС) од 09:00 часот
- Рангирани на Интернет, мрежи и безбедност (ИМБ) од 12:00 часот
На ден 05.09.2025
-
Рангирани на Примена на информациски технологии (ПИТ) од 9:00 часот
-
Сите други останати од 12:00 часот
Им пожелуваме успех на сите идни студенти на ФИНКИ!
Рангираните кандидати мора задолжително да се запишат во овие термини и да достават во целост наведените документи. Во спротивно, ќе го изгубат добиеното место и доколку сакаат пак да се запишат на ФИНКИ, ќе мора да се пријават на вториот или третиот уписен рок, од почеток, доколку останат слободни места.
ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ПРИ ЗАПИШУВАЊЕ НА НОВИ СТУДЕНТИ ВО УЧЕБНАТА 2025/2026
Кандидатите кои нема да се запишат или се откажуваат од запишувањето на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во учебната 2025/2026, поднесените документи можат да ги повлечат до 10.9.2025 (09 - 12:00 часот). При тоа, потребно е да се потпише изјава за подигнување на документите во 2 примероци.