На линкот е распоредот на часови за првата недела. Во текот на оваа недела ќе има само предавања по сите предмети, вежбите ќе започнат следната недела.  Наставата на факултетот овој семестар ќе се одвива преку системот за далечинско учење на ФИНКИ: courses.finki.ukim.mk.

За студентите од прва година, предвидени се дополнителни часови за запознавање со професорите, со физичко присуство, под отворено небо, на паркингот во кампусот на ФИНКИ. Распоредот на овие запознавачки часови со физичко присуство е даден на линкот. Препорачливо е да присуствувате на овие часови. Ќе биде поставена мала бина за професорот и столчиња за студентите.

На линкот е дадена распределбата по паралелки и групи.