Почитувани,
 
Ни претставува огромна чест и задоволство да Ве поканиме на промоција на дипломирани и магистрирани студенти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство - Скопје. Промоцијата ќе се одржи во Александар Палас на 15-ти јуни (среда) со почеток во 12:30 часот.
 
На прославата ќе бидат доделени дипломите на сите дипломирани и магистрирани студенти од 2019-та, 2020-та и 2021-ва  година. Дипломираните и магистрираните студенти треба да пристигнат најдоцна до 10:30 часот поради административни и организациски обврски.