Почитувани студенти,

Пријавувањето на испитите на ФИНКИ за прв и втор циклус на студии за јануарска испитна сесија 2023/2024 година ќе се одвива во периодот од 12.01.2024 до 22.01.2024 година

Право на полагање на испит ќе имаат само оние студенти кои ќе имаат уредна електронска пријава во системот iKnow.

Во спротивно нема да им се дозволи да го полагаат испитот.

Се пријавуваат сите испити кои студентот планира да ги полагаа во сесијата.

Сите студенти на ФИНКИ испитите ги пријавуваат на ФИНКИ, без разлика каде ги слушале. Студентите плаќаат по 400,00 ден. казна за задоцнето пријавување испит ако електронски не го пријават испитот во дефинираниот рок.

Електронското пријавување на испити се врши со најавувањето на централниот автентикациски сервис на ФИНКИ (CAS) преку адресата:  http://finki.iknow.ukim.edu.mk. Пријавувањето на проблем се врши преку тикет системот, на адресата  http://help.students.finki.ukim.mk. При пријавувањето на проблем задолжително изберете тема: Пријавување испити, бидејќи така се гарантира дека вашиот проблем ќе биде проследен на вистинското место во најкраток рок.

Рокот за пријавување на испити нема да биде продолжен.