Во Singular започнуваме со програма за платена пракса за Java Developers, со можност за вработување со полно работно време. Ако сте студент во Скопје, вие сте личноста што ни треба!

Зошто треба да аплицирате:

Ние негуваме тимска работа во средина каде се охрабрува соопштување идеи и споделување на знаење. Ние го цениме талентот и стимулираме постојано само-подобрување. Трагаме по креативни лица со прогресивни размислувања и визионери кои не се задоволуваат со просечноста.

Како практикант, ви нудиме неверојатна можност за развој низ текот на целата програма која ќе трае 1-3 месеци. За тоа време, ќе имате шанса да ги изградите вашите Java-вештини работејќи на континуирано наградувано софтверско решение и да бидете дел од нашиот тим во Скопје. Почнувајќи од првиот ден, ќе имате ментор кој ќе ве води низ работата и ќе ви дава повратни информации за да можете да се подобрувате и да растете. По завршувањето на праксата, ќе имате можност да станете дел од Singular со полно работно време!

Заинтересираните кандидати може да се пријават на следниов линк: https://culture.singular.uk/job/java-developer-intern/

 

 

1