Компанијата Global Engineering има потреба од практикант кој сака да ги надгради своите знаења и прошири своите хоризонти. Практикантот ќе има можност да ги продлабочи своите знаења и стекне вредни искуства преку

  • Развој и тестирање на web апликации;
  • Дизајн, изведба и одржување на инфраструктура во облак;
  • Анализа на податоци и креирање на модели во областа на економијата и финансиите во MATLAB, C/C++, Python и Java;
  • Kонфигурација, инсталација и одржување на IT опрема.

Од практикантот се очекува проактивен пристап и создавање на принципиелни решенија кои би придонеле кон унапредувања на воспоставените практики.

Предност ќе имаат студентите кои се во завршните години од студиите. Претходно искуство е пожелно, но не и задолжително. По завршување на периодот предвиден за пракса, постои извесна можност за вработување доколку практикантот оставил задоволителен впечаток.

Заинтересираните кандидати можат да го испратат своето CV на careers@glo-eng.com.

1