Почитувани колеги,

 

Ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме на предавањето што ќе го одржи д-р Јован Таневски, на тема „Computational biomedical discovery from spatial omics data“ што ќе се одржи на 2.4.2026 година со почеток во 17:00 часот во големиот амфитеатарот на ТМФ.

 

Предавањето ќе се реализира како заеднички настан во организација на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), локалните ИЕЕЕ оддели и тоа: Одделот за компјутери, Одделот за едукација, роботика и автоматика, системи, човек и кибернетика, Одделот телекомуникации и Одделот за теорија на информации, како и Факултетот за Електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), Асоцијацијата ИКТ-АКТ и проектите EuroCC2 И CyberMAC.

 

Повеќе информации за настанот, темата и предавачот можете да најдете на овој линк. Присуството на настанот е бесплатно и слободно за сите заинтересирани, а пожелно е да се регистрирате на овој линк.

 
1