Пеце Георгиев е роден во 2002 година во Битола. Основното и средното образование ги завршил во Битола, каде активно учествувал на натпревари по различни наставни предмети.
Во 2021 година се запишал на додипломски студии на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во Скопје, на насоката Компјутерски науки. Во текот на студиите извршувал практична работа во компанијата „Netcetera“ како практикант во областа на машинско учење. Дипломирал во 2025 година со просечна оценка 9.92, со дипломски труд на тема „Метаевристички пристап за решавање на NP-тежок оптимизациски проблем на распоредување на испити“, изработен под менторство на проф. д-р Соња Гиевска.
Во 2025 година се запишал на постдипломски студии на ФИНКИ, на насоката Статистика и аналитика на податоци. Во истиот период учествува во изведување на настава, при што реализира аудиториски и лабораториски вежби, како и подготвува, уредува и унапредува наставни материјали за вежбите по дел од предметите: Линеарна алгебра и примени, Веројатност и статистика, Математика 3 и Инженерска математика.
Полињата на неговиот научно-истражувачки интерес ги опфаќаат: вештачка интелигенција, статистика и аналитика на податоци, машинско учење, теорија на оптимизација, теорија на игри, дизајн на алгоритми и софтверско инженерство.