Чест ни е да  гo најавиме отворениот ден на ИТ Лабс во просториите на ФИНКИ за запознавање со тренинг програмата - Дизајнирање на Чипови со HDL (Hardware Description Language/Хардверски Описен Јазик)!

На 22-ри Март од 17:00часот, во Амфитеатарот на ФИНКИ,  студентите и идни инжинери ќе можат да дознаат повеќе за ИТ Лабс и за Тренинг Програмата Дизајнирање на Чипови со HDL!

За што ќе се зборува?

Благој Ќупев, CIO (Chief Innovation Offier) во ИТ Лабс, ќе зборува за тоа што е FPGA, каде се применува технологијата, и што ќе содржи програмата за Дизајнирање на Чипови со HDL. Ќупев ќе ја претстави програмата и нејзините  модули, ќе објасни повеќе за технологијата која ќе се изучува на овој тренинг, како и потребните способности и квалификации кои кандидатите би требало да ги поседуваат за да можат успешно да ја завршат тренинг програмата!

По ова излагање, ќе следи сесија на која што ќе одговараат на прашањата од публиката.

За кого е наменета оваа тренинг програма?

Оваа тренинг програма е наменета за студентите на техничките факултети каде се изучуваат електроника и информатички науки, и лица со диплома по компјутерски науки и инженерство (или сродни насоки).

Предуслови за кандидатите

Неопходни познавања:

  • Успешно положен испит по основи на електротехника или електроника
  • Успешно положен испит по Дигитална Електроника
  • Одлично познавање на техники за Програмирање и Алгоритми и Податочни Структури
  • Основно познавање на Компјутерски Системи и Архитектури
  • Основно познавање на вгнездени системи

Добро да се знае:

  • Напредно познавање на електроника, микропроцесорска електроника и моделирање и симулација во електрониката
  • Основно познавање на методи за моделирање на хардвер во VHDL
  • Основно познавање на изработка на електронски склопови со дигитални електронски кола
  • Основно познавање на микропроцесорски системи
  • Основно познавање на изработка на софтверски решенија во програмски јазик С или асемблер

Како можам да аплицирам?

Испратете го вашето резиме или кратка биографија овде: https://apply.workable.com/it-labs1/j/AD65D8B917/

 

Се гледаме на 22-ри Март во 17.00ч во Амфитеатарот на ФИНКИ!

microsoftteams-image_89304.png

0