Вчера (30.03.2016), во Драмскиот театар беше одржана церемонија по повод петтиот роденден на ФИНКИ. На церемонијата беа доделени дипломи на дипломираните и магистираните студенти од 2015 година кои студиите ги завршиле на ФИНКИ. Вкупно беа доделени 181 диплома и 40 награди за најдобрите студенти со просечен успех над 9.5.

 

Компаниите Cosmic development, S&T, 6 PM и AMC ги наградија најдобрите тековни студенти, а компанијата „Seavus“ на тројца студенти со просек 10.00 им овозможи ваучер за обука во компанијата и учество на меѓународна конференција.

Здружението ЕТАИ ја додели наградата за најдобар дипломски труд.