1. Се утврдува потреба од засновање на работен однос во Народната банка на Република Северна Македонија, на пет (5) извршители и тоа:

1.1 Четири (4) извршители на определено време во траење од 2 години од кои:

 - 1 извршител на работното место „самостоен аналитичар I степен“ во Отсекот за заднински операции во Дирекцијата за плаќања и заднински операции;

 - 1 извршител на работното место „програмер“ во Отсекот за изработка на големи апликативни проекти во Дирекцијата за апликации;

- 1 извршител на работното место „систем-инженер“ во Отсекот за ИТ инфраструктура во Дирекцијата за ИТ инфраструктура и

- 1 извршител на работното место „помлад систем-инженер“ во Отсекот за ИТ услуги во Дирекцијата за ИТ инфраструктура.

1.2 Еден (1) извршител на неопределено време за работното место „угостител почетен I степен“ во Отсекот за спроведување на склучените договори за јавни набавки во Дирекцијата за јавни набавки.

2. Кандидатите за работните места од точка 1, треба да ги исполнуваат следните општи услови за засновање работен однос, утврдени во Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија: да се државјани на Република Северна Македонија, да се полнолетни, да имаат општа здравствена способност за работното место и да не им е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.

3. Покрај општите услови за засновање работен однос утврдени во Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија, кандидатите треба да ги исполнуваат и следните посебни услови:

- за работното место „самостоен аналитичар I степен“ во Отсекот за заднински операции во Дирекцијата за плаќања и заднински операции, да имаат завршено факултет од областа на економските науки, со најмалку 240 ЕКТС кредити (VIA), да имаат работен стаж најмалку 3 години стекнат по завршување на високото образование, да имаат познавање на англиски јазик, работа со компјутер, познавање на заднинско работење, платните системи и финансиските пазари, поседување ACI сертификат и познавања од областа на работењето на Народната банка.

Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивните стручни знаења од областа на заднинското работење и познавање на англиски јазик

- за работното место „програмер“ во Отсекот за изработка на големи апликативни проекти во Дирекцијата за апликации, да имаат завршено факултет од областа на информатичките науки, со најмалку 180 ЕКТС кредити (VIБ), да имаат работен стаж најмалку 2 години стекнат по завршување на високото образование, да имаат познавање на англиски јазик, одлично владеење на Microsoft развојна околина (MS Visual Studio), работа со бази на податоци MS SQL сервер и познавања од областа на работењето на Народната банка.

Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивното познавање на Microsoft развојна околина (MS Visual Studio),  работа со бази на податоци MS SQL сервер, англиски јазик и познавања од областа на работењето на Народната банка.

- за работното место „систем-инженер“ во Отсекот за ИТ инфраструктура во Дирекцијата за ИТ инфраструктура, да имаат завршено факултет од областа на информатичките науки, со најмалку 180 ЕКТС кредити (VIБ), да имаат работен стаж најмалку 2 години стекнат по завршување на високото образование, да имаат познавање на англиски јазик, работа со компјутер, кориснички оперативни системи ( MS Windows), серверски оперативни системи (MS Windows Server), мрежно поврзување (TC/IP, Cisco IOS, firewall, IDS/IPS, switch, LAN WAN..) и познавања од областа на работењето на Народната банка.

Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивното познавање на Microsoft Windows Server и мрежна инфраструктура (LAN, WAN, Wi-Fi, Cisco IOS, routing/switching, VPN,  firewalls), SAN и RAID, англиски јазик и познавања од областа на работењето на Народната банка.

- за работното место „помлад систем-инженер“ во Отсекот за услуги во Дирекцијата за ИТ инфраструктура, да имаат завршено факултет од областа на информатичките науки, со најмалку 180 ЕКТС кредити (VIБ), да имаат работен стаж најмалку 1 година стекнат по завршување на високото образование, да имаат познавање на англиски јазик, работа со компјутер, ITIL, MS Windows оперативни системи, мрежна околина, хардвер, (компјутери, принтери, скенери, итн), апликации за канцелариско работење (MF Office)  и познавања од областа на работењето на Народната банка.

Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивното познавање на ИРТ хардвер, TCP/LAN и WAN технологии, MS Windows Оперативни системи, мрежна околина хардвер (компјутери, принтери, скенери и итн.), корисничко познавање на Microsoft Windows Office (Word, Excel, Power), англиски јазик и познавања од областа на работењето на Народната банка.

- за работното место „угостител почетен I степен“ во Отсекот за спроведување на склучените договори за јавни набавки во Дирекцијата за јавни набавки, да имаат завршено средно училиште во траење од 3, 4 или 5 години (VБ),  да бидат со или без работен стаж и да поседуваат угостителски вештини.

4. Кандидатите за работните места од точка 1 треба да достават:

- пријава и изјава за согласност за обработка на лични податоци;

- кратка биографија на македонски јазик или на македонски и албански јазик, за кандидатите припадници на албанската заедница;

- препораки за професионално искуство и меѓучовечки односи од претходните и тековните работодавачи доколку имаат;

- доказ за државјанство издаден од надлежниот орган на Република Северна Македонија;

- потврда од надлежен орган (Централен регистар на Република Северна Македонија или надлежен суд) којашто изречно ќе гласи дека на лицето не му е изречена казна, забрана за вршење професија, дејност или должност, не постара од шест месеци пред денот на поднесувањето на пријавата (други потврди коишто нема да гласат согласно со наведеното, нема да се прифаќаат);

- диплома или уверение за завршено образование;

- доказ за работен стаж задолжително за работните места од точката 1, потточка 1.1, а за работното место од потточката 1.2 само доколку го имаат, од Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија (други потврди од Агенцијата за вработување нема да се прифаќаат) и

- доказ за поседување ACI сертификат задолжително за работното место од точка 1 потточка 1.1 алинеја 1.

Сите докази може да бидат доставени во копија.

5. Работното време во работната недела за работните места од овој оглас започнува помеѓу 8,00 и 9,00 часот, а завршува помеѓу 16,00 и 17,00 часот.

6. Во согласност со Колективниот договор на ниво на Народната банка, со кандидатите кои ќе засноваат работен однос на работните места од точка 1 потточка 1.1 кои имаат работен стаж и за првпат склучуваат договор за вработување со Народната банка, ќе се склучи договор за вработување на определено време со вршење пробна работа во времетраење од 1 месец.

Со кандидатот кој ќе заснова работен однос на работното место од точка 1 потточка 1.2 кој има работен стаж и за првпат склучува договор за вработување со Народната банка, ќе се склучи договор за вработување на неопределено време со вршење пробна работа во времетраење од 1 месец, а доколку кандидатот нема работен стаж, ќе се склучи договор за вработување на неопределено време со вршење на приправнички стаж во времетраење од најмногу 6 месеци.

7. Договорот за вработување склучен на определено време, може да се продолжи со анекс кон Договорот, во согласност со одредбите од Законот за работните односи.

8. Висината на основната (нето) плата за работното место од точка 1 потточка 1.1 алинеја 1, изнесува 73.145,00 денари, додека за време на пробната работа висината на основната (нето) плата изнесува 50% од основната (нето) плата, односно 37.085,00 денари.

Висината на основната (нето) плата за работните места од точка 1 потточка 1.1 алинеја 2 и 3 изнесува 68.526,00 денари, додека за време на пробната работа висината на основната (нето) плата изнесува 50% од основната (нето) плата, односно 34.777,00 денари.

Висината на основната (нето) плата за работното место од точка 1 потточка 1.1 алинеја 4, изнесува 60.313,00 денари, додека за време на пробната работа висината на основната (нето) плата изнесува 50% од основната (нето) плата, односно 30.677,00 денари.

Висината на основната (нето) плата за работното место од точка 1 потточка 1.2 изнесува 31.117,00 денари, додека за време на пробната работа висината на основната (нето) плата изнесува 50% од основната (нето) плата, односно 13.966,00 денари.

9. Рокот за доставување на документите изнесува 5 работни дена, сметано од денот на објавување на огласот.

10. Изборот на работниците кои ќе засноваат работен однос во Народната банка ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување.

11. Ненавремената и некомплетната документација нема да биде разгледувана.

12. Пријавата и Изјавата за согласност за обработка на личните податоци [1] се објавени на интернет-страницата на Народната банка на Република Северна Македонија.

Бараните документи да се достават до Архивата на Народната банка на Република Северна Македонија на бул. „Кузман Јосифовски-Питу“ бр. 1, Скопје.

1