Почитувани студенти,

Ве информираме дека редовната настава за учебната 2020/2021 година на ФИНКИ ќе започне од 05.10.2020. Распоредот на часови за првата недела ќе биде објавен најдоцна до Недела 04.10.2020 до 12:00. Наставата комплетно ќе се одвива преку системите за далечинско учење на ФИНКИ, без физичко присуство на факултетот.

Дополнително, оваа година, ФИНКИ ќе организира термини за запознавање на новите студенти од прва година со предметните професори. Овие часови ќе се оддржат во дворот на кампусот на факултетот под отворено небо и за нив ќе добиете дополнителна информација. Во текот на 10 работни денови (веројатно од 5.10.2020 до 16.10.2020), секоја од паралелките од прва година ќе дојде еднаш на само еден ден во Скопје, во дворот на кампусот. Во текот на тој еден ден, групата ќе има пол-часовни средби со 5 професори и 5 асистенти од 5те предмети кои групата ги слуша во семестарот. Средбите ќе започнат подоцна во денот, околу 10:00 и ќе завршат навреме, за да може утрото да се допатува до Скопје и попладне да се замине, за да нема потреба од ноќевање. Точните денови кога ќе се организираат овие еднодневни средби ќе зависат и од временските услови.