Здружението Споделено Знаење кое се занимава со умножувањето на статиите на Википедија организира фотографски натпревар под називот „Макпортрет“ со цел обезбедување слободни фотографии од познати лица од Македонија кои се занимаваат во полето на културата, науката, уметноста, музиката, спортот, телевизијата, политиката, медицината и други, јасно фотографирани во анфас или профил од блиско растојание. 

Со овој натпревар сакаме да собереме фотографии од познати македонски личности, сликани од непосредна близина и тие да бидат и понатаму да се користат од документарен и информативен карактер. Овие фотографии потоа ќе можат да се прикачат на Ризницата на Викимедија под слободна лиценца, а понатаму ќе можат да се користат за илустрирање на статии за тие области на Википедија, како и за други слободни проекти!
 

Најуспешните учесници според оценката на стручно жири ќе бидат наградени со парични награди, и тоа:

  • Прва награда – денарска противвредност во бруто-износ од 500 евра;
  • Втора награда – денарска противвредност во бруто-износ од 300 евра;
  • Трета награда – денарска противвредност во бруто-износ од 200 евра.
  • Четврта награда – денарска противвредност во бруто-износ од 100 евра.
  • Петта награда – денарска противвредност во бруто-износ од 100 евра.
  • Награда за најубава фотографија – денарска противвредност во бруто-износ од 300 евра.
 
 Повеќе информации околу уредувачкиот натпревар, видете на главната страница која се наоѓа на Википедија. 
1