м-р Александар Стојменски е роден во Скопје. Основното образование го завршил во ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Скопје. Средното образование го завршил во СУГС „Георги Димитров “ во Скопје.
На студиите по информатика се запишал во учебната 2011/2012 година на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Дипломирал во редовен рок, со просечна оценка 9,74, во јули 2015. Во текот на студирањето добил признанија и пофалници за постигнатиот успех. Добитник е на награда за најдобар дипломски труд на ФИНКИ, доделена од здружението ЕТАИ. Секоја година од студирањето е наградуван како еден од најдобрите студенти на ФИНКИ. Постдипломски студии запишал во 2015 година на ФИНКИ. Магистрирал во 2016, со одбранет магистерски труд со наслов „Надградена паметна околина за живеење наменета за лица со посебни потреби“, на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје, со што се стекнал со звањето магистер по информатички науки и компјутерско инженерство – област: софтверско инженерство. Во учебната 2017/2018 се запишал на докторски студии на ФИНКИ.