Компанијата ИНТЕЛИГЕНТА објавува оглас за летна пракса. Очекуваме да се пријават талентирани и мотивирани студенти што имаат интерес за:

- Развој на системи за големи податоци и деловна интелигенција;
- Развој и имплементација на деловни информациски системи;
- Развој на системи базирани на оптимизациски алгоритми;
- Прибирање и обработка на податоци со Python;
- Развој на web апликации со Java Spring, Python Django и .NET;
- Развој на Frontend (AngularJS, React).

Практикантите ќе можат да го зголемат своето знаење преку користење на модерни технологии и работа на иновативни проекти. Секој практикант ќе добие посветен ментор со долгогодишно искуство во обука и образование. Праксата ќе биде во траење од два месеца, од дома или во канцеларија, по избор на студентот.

Заинтересираните кандидати може да се пријават на contact@inteligenta.io. Само кандидатите што се квалификуваат ќе бидат поканети на разговор.

1