thumbnail_image001.jpg

КОНКУРС за стипендирање на 10 студенти

 

  1. Услови за доделување на стипендијата
  • Кандидатите да се редовни студенти на еден од Универзитетите во Република Северна Македонија во трета или четврта година од студии
  • Во текот на студиите да постигнале најмалку 7,5 просечен успех
  • Да не повторувале година во текот на студирањето

 

  1. Потребни документи
  • Мотивационо писмо (Зашто треба да добијат стипендија)
  • Кратко CV
  • Потврда за редовно запишан семестар за учебната 2021/2022
  • Уверение за положени испити и постигнат успех

 

  1. Начин на пријавување
  • Кандидатите потребните документи да ги достават на адреса:

           Point Retail Park

           Бул. Македонско Косовска Бригада Бр.67, 1000 Скопје

 

Документите се поднесуваат од 15.11.2021 година до 03.12.2021 година исклучиво во административните простории на Поинт Ритеил Парк од 11ч. до 15ч..

 

  1. Висина на стипендијата
  • Ќе се стипендираат 10 студенти, и тоа: 4 на медицински смер, 3 на IT смер, 1 социјална политика и 2 социјална работа
  • Студентите ќе добиваат по 5.000 денари 12 месеци започнувајќи од Декември 2021.

 

  1. Начин на селекција
  • Од пристигнатите апликации, менаџментот ќе повика 20 студенти на завршно интервју, по што комисијата составена од управата на трговскиот центар ќе селектира 10 студенти.
  • Студентите ќе потпишат договор со управата и истиот ќе бидат обврзани да го почитуваат.

konkurs-01.jpg

КОНКУРС за стипендирање- албански