Технологијата и технолошките достигнувања се длабоко инфилтрирани во нашето секојдневие овозможувајќи ни постојано да сме  поврзани преку различни уреди, без разлика на тоа каде се наоѓаме и во кое време. Интернетот во голема мера влијае на навиките во нашето секојдневие - начинот на кој што комуницираме и сме во меѓусебна интеракција, нашиот приватен и професионален живот. Ваквиот  интензивен развој на технолошките уреди и Интернетот доведе до создавање на концептот “Internet Of Things”(Интернет на нештата).

“Интернетот на нештата” во суштина ја подразбира способноста на некој уред за миг да се поврзе на Интернет или со друг уред, за да може да споделува информации, почнувајќи од уредите како нашите паметни телефони па се до апаратот за кафе или ламбата во нашиот дом.

iot-debate-v4.jpg

Но,  дали навистина сме поврзани? До кој степен во Македонија е разработен овој концепт? Која е следната фаза на развој на „Интернет на нештата“? Кое е Вашето лично мислење на оваа тема? Дали би сакале да го споделите?

IT Labs  во соработка со Студентскиот Парламент на ФИНКИ ве покануваат  на дебата на тема „IoT: Are you really connected?“ каде што ќе се обидеме да дадеме одговор на горенаведените прашања, да те споделиме свои мислења и да се едуцираме. Настанот ќе се оддржи на 05.05.2017 со почеток од 15.30 часот во просториите на ITLabs.

За присуство на настанот, сите заинтересирани е потребно да го пополнат следниот формулар. Краен рок за аплицирање е 03.05.2017. За дополнителни информации посетете го официјалниот настан на Facebook.

0