Заверката на летниот и уписот на зимскиот семестар во учебната 2023/2024 година за студентите од II циклус на студии ќе се врши од 26.10.2023 до 01.11.2023 година од 09:00 до 12:00 ч на шалтерот на Студентската служба на ФИНКИ во зградата на ТМФ.

Потребни документи за запишување на зимскиот семетар:

  1. Индекс
  2. Образец за заверување на семестар
  3. Образец за запишување семестар (доставуваат сите студенти кои сеуште не магистрирале,односно се запишува празен семестар)
  4. Интерен пријавен лист (само за студентите кои запишуваат предмети)
  5. Уплатница за следната рата од школарината, согласно договорот за студирање

За студенти кои преслушуваат предмет дополнително се потребни:

Уплатница (во вредност на кредитите што ги носат предметите кои се преслушуваат според студиската програма)
цена на чинење на 1 кредит = 1/60 од вредноста на студиската програма за едногодишните, односно 1/120 за двогодишните студиски програми.
Уплатата се врши во денарска противвредност според средниот курс на НБРМ на денот на уплатата