Како вештачката интелигенција се користи за поддршка на донесувањето закони, учеството на јавноста, транспарентноста и донесувањето одлуки врз основа на докази во современите парламенти

Чест ни е да најавиме гостинско предавање на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), на кое ќе гостува Марси Харис (Marci Harris), коосновач и извршен директор на POPVOX и глобален лидер во областа на граѓанската технологија (civic technology).

Додека вештачката интелигенција ја редефинира институционалната ефикасност, како можеме да се осигураме дека таа ја зајакнува суштината на демократијата? Овој настан ја истражува примената на вештачката интелигенција во законодавството, учеството на јавноста и донесувањето одлуки засновани на докази. Настанот претставува уникатна соработка помеѓу академската заедница, Собранието на Република Северна Македонија и меѓународната експертиза, поддржана од Швајцарската амбасада.

Понеделник, 26 јануари 2026 година

10:00 – Воведни обраќања ќе имаат:
• Проф. д-р Петре Ламески, декан на ФИНКИ
• М-р Бобан Стојаноски, заменик генерален секретар на Собранието на Република Северна Македонија
• Н.Е. Кристофер Сомер, амбасадор на Швајцарија во Република Северна Македонија

10:15 – Гостинско предавање: Вештачка интелигенција во законодавните тела
Марси Харис, извршен директор на фондацијата POPVOX, ќе зборува за тоа како вештачката интелигенција се користи за поддршка на донесувањето закони, транспарентноста и учеството на јавноста во современите парламенти.

Локација: Мал амфитеатар – Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ)

Придружете ни се во претпладне исполнето со критичко размислување и иновации!

1