Бараме мотивирани соработници кои ќе се вклучат во развојот на нова верзија од нашиот веб базиран информационен систем за осигуритенли компании E-Insure (http://www.edusoft.com.mk/e-insure)

1. SOFTWARE DEVELOPER/SOFTWARE ENGINEER

Што се очекува од кандидатите:

-учество при дефинирање на софтверски спецификации;
-развој на програмски код, според воспоставени техники и методологии;
-извршување на активности и на процедури за тестирање со кои би се гарантирал квалитетот на решенијата;
-одржување и надградба на софтвер; и
-техничка поддршка за софтверските решенија.

Потребни знаења и искуствa:

-работно искуство: 1-3 години (вклучувајќи и стекнато искуство во freelance или part-time work, како и студентска пракса );
-познавање на C#, ASP.NET WebForms, JavaScript, WebServices;
-познавање на MS SQL бази на податоци (оптимизација) и SQL queries (mining, data analysis, итн.);
-познавање на повеќе слојна софтверска архитектура, S.O.L.I.D принципите за развој на софтвер, GOF шаблоните за развој на софтвер
-искуство со алатки за верзионирање на код;
-тестирање на софтверски решенија;
-познавање на англиски јазик;
-самоиницијативност и добри комуникациски вештини; и
-способност за работа во тим.

Што нудиме?

Вработување на долг период, со пробен период од 1 месец;
Пријатна и динамична работна околина во иновативна компанија;
Можности за професионален и личен развој;
Можности за развој и надоградба на Вашите потенцијали и компетенции; и
Можности за стекнување со интернационално искуство;

2. FRONT-END DEVELOPER/UI/UX Designer

Што се очекува од кандидатите:

-учество при дефинирање на корисничките интерфејси;
-анализа на постоечките интерфејси на системот и давање на предлози за нивно подобрување
-развој на програмски код, според воспоставени техники и методологии;
-извршување на активности и на процедури за тестирање со кои би се гарантирала употребливоста на корисничките интерфејси;
-одржување и надградба на софтвер; и
-техничка поддршка за софтверските решенија.

Потребни знаења и искуствa:

-oсновни познавања од областа на .NET технологииите за веб програмирање: C#, ASP.NET, HTML5, Java Script, CSS3,jQuery;
-познавања од обласата на употребливност на софтвер
-искуство во дизајн на кориснички интерфејси веб базирани апликации
-основни познавања на алтаки за подготовка на mock-ups
-искуство со алатки за верзионирање на код;
-тестирање на софтверски решенија;
-познавање на англиски јазик;
-самоиницијативност и добри комуникациски вештини; и
-способност за работа во тим.

Што нудиме?

Вработување на долг период, со пробен период од 1 месец;
Пријатна и динамична работна околина во иновативна компанија;
Можности за професионален и личен развој;
Можности за развој и надоградба на Вашите потенцијали и компетенции; и
Можности за стекнување со интернационално искуство;
 

Како да аплицирате?

Испратете нѝ порака со апликација за пријавување и Вашето CV на македонски или на англиски јазик на  edusoft@edusoft.com.mk

1