Македонски Телеком има потреба од  студенти кои се при крај со своите студии, кои би сакале својата кариера да ја започнат на работно место Specialist for transport network во  Служба за транспортни и ИП платформи

 

 

Истиот ќе биде ангажиран за следниве активности:

Работни задачи:

  • Да се грижи за имплементација на рутирачката стратегија на IP мрежата и редовна контрола на истата од капацитивен и квалитативен аспект
  •  Учествува во процесот на имплементација на нови функционалности и сервиси на IP core мрежата, со цел,  побрз пласман на нови продукти на пазарот
  • Активно учествува во дефинирање на оперативна стратегија со што се обезбедува потребното ниво на квалитет и доверливост на IP core мрежата
  • Учествува во  активностите при интервенции за отстранување на пречки од второ ниво
  • Ги координира активностите со партнерот за управувани сервиси поврзани со дополнување на функционалности и услуги на IP мрежата како и со конкретни имплементации на развојни решенија или оперативна имплементација на технички решенија подготвено од секторот за  телекомуникациска мрежа и сервисни платформи
  • Врши активно следење и мониторинг на георедундантноста на сервисите кои се обезбедуваат преку IP мрежата и планирање на  превентивно одржување на IP мрежата
  • Координира и контролира активности наменети за минимизирање/ спречување на испади во мрежите и сервисите за мобилни, алтернативни и меѓународни оператори
  • Учествува во подготовка на извештаи за состојбата на опремата како и за испадите/ девијациите на опремата
  • Координира/изработува технички решенија за развој на платформи и врши проценка на трошоците заради навремено обезбедување на технолошки предуслови и мрежни ресурси за реализација на сите телекомуникациски услуги неопходни за реализација на  Бизнис планот на компанијата

Од студентите се очекува да ги поседуваат следниве знаења и вештини:

  • Познавање на Транспортната и ИП технологија и опрема,
  • познавање на IPv4/IPv6 како и рутирачки протокли и нивна примена (BGP,ISIS,OSPF,..)
  • ,multicast, MPLS,  DWDM/OTN,
  • општи познавања од SDN како и генерален поглед на архитектура на IP/MPLS мрежа.
  • Работа со компјутери (Windows и UNIX/Linux платформи),
  • напредно користење на MS Office

 

Сите заинтересирани студенти своите биографии да ги доставуваат најдоцна до 16.08.2020 година на следната маил адреса sonja.kargova@telekom.mk или на career@telekom.mk,

 

 

1