Почнувајќи од денес може да аплицирате на: https://exelerateit.com/internship
Неколку работи што сакаме да ги издвоиме:

- Праксата е платена
- Претходно знаење за технологиите што ги користиме и/или работно искуство не е неопходно
- Се работи за bootcamp, не само стандардна пракса и имаме менторски пристап кон практикантите, целта е да ве направиме компетентни инжењери во рок од 3 месеци.
- Праксата е во нашите канцеларии, а не remote. Искуството од досегашните пракси, покажа дека вака можеме да ви се посветиме комплетно, а и за вас е полесно да се интегрирате во нашиот тим, проектите и да научите повеќе.
- Добивате Welcome Kit кој вклучува и Macbook Air M1 службен лаптоп.
- Крајната цел е да останете во нашиот тим по завршување на праксата. Сите кои ќе ги исполнат очекувањата, на крајот на програмата добиваат понуда за вработување.
- Почетната плата за вработување по завршување на праксата ќе биде 500€/месечно.
- Ќе се здобиете со уникатна перцепција за тоа како еден стартап оперира и како вие можете да придонесете во еден стартап.
Разгледајте го целиот оглас од линкот, разгледајте нè нас како компанија, и доколку се гледате како дел од Екселерејт ги очекуваме вашите апликации.

thumbnail_internship.jpg

0