Почитувани, 

Ја користиме оваа прилика да ве информираме за првата конференција за е-трговија на Македонија на тема “eCommerce: The eFuture for eMacedonia!”, која ќе се одржи на 26ти октомври во хотел Marriott, Скопје со почеток од 09 до 17ч, а е во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија

Воедно сакаме да ве поканиме да присуствувате и да ве известиме дека за пријателите на ФИНКИ, како партнер на конференцијата, обезбедивме попуст од 15% на секоја купена карта. Попустот може да се искористи со внесување на кодот finki15, при регистрација на настанот.

Целта на конференцијата е да придонесе кон поголеми знаења и свест за важност на е-трговијата, вклучувајќи ги и поврзаните услуги и технологии како и да ги собере на едно место сите засегнати страни да дискутираат и да разменат искуства и знаења. Конференцијата вклучува четири главни теми: развој, плаќања, достава и маркетинг организирани во десет главни говори и четири панел дискусии во кои ќе учествуваат повеќе од дваесет македонски и странски говорници.

Делегатите, претприемачите и основачите, како и менаџментот на компаниите и институциите во поширокиот еко систем на е-трговија ќе имаат можност подобро да се запознаат со актуелните и идни случувања, како и со практични солуции за оптимизација на нивното онлајн присуство со цел да го направат својот бизнис поефективен.

Дел од говорниците на конференцијата ќе бидат Министерот за информатичко општество и администрација г-дин Дамјан Манчевски, Директорот на Фондот за Иновации и Технолошки Развој г-дин Јован Деспотовски, регионалниот директор на Mastercard г-ѓа Вања Манова, Генералниот извршен дирекртор на Македонски Телеком г-дин Никола Љушев, Генералниот директор на Оне.Вип г-дин Мислав Галер како и други бројни домашни и странски искусни претставници од приватниот сектор од областа на е-трговијата.

Повеќе информации за останатите говорници и агендата, може да погледнете на следниов линк: https://www.ecommerceconference.mk/

 

КАКО ДА КУПИТЕ КАРТА СО ПОПУСТ?

За да се регистрирате и да го добиете попустот,  потребно е да ги следите следните чекори:

  • Да кликнете тука и да одите на Купи карта 
  • Да го внесете кодот finki15 во полето за код
  • Да ги пополните информациите за учесниците
  • Продолжете кон плаќање за да ја комплетирате нарачката

По комплетирањето ќе добиете email за успешна регистрација.

0