По повод големиот успех на македонските ученици на интернационалните натпревари по информатика, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ, организира свечен прием на кој ќе бидат одбележани постигнатите резултати. 

На приемот, кој ќе го отвори Деканот на ФИНКИ, проф. д-р Димитар Трајанов, ќе се обрати Претседателот на Здружението на информатичарите на Македонија, м-р Миле Јованов - како организација која ги спроведува натпреварите по информатика за основно и средно училиште во Македонија. На истиот ќе се доделат благодарници до помагателите на натпреварите и награди на учениците. 

Настанот ќе се одржи во петок, 19.08.2011, со почеток во 12 часот во амфитеатарот на Технолошко-металуршкиот факултет.