Компанијата Smart Services ги поканува заинтересираните студенти од ФИНКИ да учествуваат во изведување на практична работа. Во рамките на двомесечната пракса, студентите ќе имаат можност да работат реални проекти кои се во тек во компанијата. Праксата подразбира полно работно време, од 09:00 – 17:00 часот, 40 часа неделно. Практикантите ќе добијат месечен надомест за трошоци во висина од 6.000 денари и можност за вработување. Кандидатите за пракса треба да имаат желба да учат нови работи и да имаат некакви почетни знаења од WordPress. Заинтересираните кандидати можат да го испратат своето CV на emailcontact@smartservicesltd.com