Во понеделник, 19.12.2011 година, во рамките на предметот Мрежно програмирање, г-дин Хајан Селмани од Seavus ќе одржи предавање на тема „Напреден развој на веб апликации со користење на Microsoft ASP.NET платформа“. Посебен акцент ќе биде даден на ASP.NET MVC платформата за развој.
 
Предавањето ќе се одржи во термин од 12:00 - 14:00 часот, во просторија 223. 
 
Краток опис на предавањето
 
Еден од најголемите предизвици во софтверската индустрија денес е развојот на веб апликации. Од големиот сет на јазици, технологии и платформи кои се наменети за развој на веб апликации, Microsoft нуди три основни платформи за развој на веб: ASP.NET Web Pages, ASP.NET WebForms и ASP.NET MVC. На оваа презентација ќе имате можност да се запознаете со сите три платформи, да видите што нудат, да дознаете како истите практично се применуваат и кои алатки се користат во комбинација со истите. Генерално, ќе имате прилика заедно да го потврдиме фактот зошто ASP.NET е една од најпопуларните платформи за развој на веб денес.
 
Кратка биографија на предавачот
 
Хајан Селмани е Microsoft MVP (Most Valuable Professional) за ASP.NET/IIS. Работи на позиција Сениор софтвер инженер и Тим лидер во Seavus. Член е во одборот на Македонската .NET корисничка група и лидер на MKDOT.NET web групата. Во IT заедницата активно е вклучен како презентер (Code Camp 2010/2011, MS Vizija, MS TechDays, мн. други локални настани), блогер, технички рецензент на книги, итн. Пасија му е да го споделува своето знаење и да придонесува кон .NET заедницата онлајн и офлајн.
 
Twitter: @hajan_s