Во четврток 11.12.2014 со почеток од 12 часот во новиот АМФ на ФИНКИ (анекс на ТМФ) Јане Антов, раководител на систем интеграција – проектен менаџер; Милко Попов, систем инженер – SDDC имплементатор; Константин Димитровски, систем инженер – имплементатор за мрежно поврзување и безбедност од Неоком ќе одржат покането предавање на темата neoCloud.

neoCloud претставува “cloud computing” платформа од портфолиото на професионални услуги на Неоком. Истата е изработена врз принципот на Software Defined Data Center од производителот VMware. На ова предавање, ќе имате можност на техничко ниво да се запознаете со концептот на SDDC од производителот VMware, како и со предизвиците на имплементацијата со која се соочи тимот на Неоком.

Ги покануваме сите заинтересирани студенти да присуствуваат на предавањето.