Студентската организација ИАЕСТЕ Македонија го распишува Надворешниот Конкурс 2016 за аплицирање на платени стручни пракси во странство. Секој студент од техничките факултети, при државните универзитети има можност да конкурира и да биде прифатен за една од 36те најразлични пракси  во 22 различни земји во светот, од кои значително голем дел се од IT секторот. 

 
 

Надворешниот конкурс ќе трае од 29.02.2016 (понеделник) до 11.03.2016 (петок). Сите детали во врска со аплицирањето на пракса, потребните документи, како и самите пракси разгледајте ги на следниов линк. Документите на апликантите може да се достават секој работен ден од 12-14 часот во канцеларијата на ИАЕСТЕ Македонија. За новости поврзани со конкурсот следете на официјалната фејсбук страна.