Интелигентни информациони системи (4+1)

1. Oпшти информации

Постдипломските студии по Интелигентни информациони системи ќе ги оспособат студентите за анализа, дизајн и имплементација на напредни информациони системи кои во повеќе сегменти ги вклучуваат најновите технологии од повеќе области – информатички технологии, информациони системи и бази на податоци, компјутерска интелигенција и машинско учење.

  • Назив на предлагачот: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство - ФИНКИ
  • Назив на студиска програма: Академски студии од втор циклус по Интелигентни информациони системи
  • Научно - истражувачко подрачје: техничко - технолошки науки
  • Поле: компјутерска техника и информатика
  • Област: вештачка интелигенција и системи
  • Вредноста на постдипломските студии изнесува 60 ЕКТС кредити
  • Траење на студиите: 2 семестри
  • Една академска година се состои од два семестра во траење од 30 недели (1 семестар = 15 недели)
  • Во првиот и вториот семестар се изведуваат наставни предмети, додека пак во вториот сместар дополнително се изработува и завршниот проект, т.е магистерската тема.
  • Услови за запишување на студиите: завршени додипломски студии на информатика или компјутерски насоки кои носат минимум 240 кредити. За студиските насоки кои носат помалку од 240 кредити, се дополагаат испити понудени во воведувачкиот слој.
  • Воведувачки слој: на студентите кои во текот на студиите стекнале помалку од 240 кредити им се нуди множество диференцијални воведувачки предмети. По нивното успешно реализирање, студентот стекнува право да продолжи со втората година на постдипломските студии.
  • Прв семестар: 3 задолжителни предмети и 2 изборни, од кои еден може да биде од Универзитетска листа.
  • Втор семестар: 1 задолжителен и 1 изборен, кој може да биде од Универзитетската листа (само доколку во првиот семестар предметите се избрани на ниво на Факултет) и завршен проект од 18 ЕКТС.
  • 1 ЕКТС кредит соодветствува на 30 часови вкупен работен ангажман.
  • Бројот на контактните часови е 4.

Стекната титула: Магистер по информатички науки и компјутерско инженерство - област интелигентни информациони системи

2. Студии

 
Табела 1: Листа на предметите на постдипломски студии 

 

 Професори

Предмет

Семестар

 ЕКТС 

 1 

 доц. Д-р Слободан Калајџиски

 Анализа и дизајн на информациони системи

IX

6

 2

 доц. Д-р Андреа Кулаков

 Напредни теми од вештачка интелигенција

IX

6

 3

 

 Задолжителен општо-образовен предмет

IX

6

 4

 

 Изборен предмет

IX

6

 5

 

 Изборен предмет

IX

6

 6

 вон. проф. Д-р Владимир Трајковиќ

 Колаборативни компјутерски системи

X

6

 7

 

 Изборен предмет

X

6

 Општо-образовни задолжителни предмети

 1

 

 Истражувачки методи и техники за пишување 

IX 

6

 2

 

 Проектен менаџмент

IX 

6

 

2.1 Изборни предмети

Студентот може да избере предмет од листата на понудени изборни предмети од сите студиски програми од втор циклус на студии. Листата на понудени изборни предмети може да се најде на овој линк.