Резултати од пребарување

 

 

Компанијата Интелигента објавува оглас за летна пракса. Очекуваме да се пријават талентирани и мотивирани студенти што имаат интерес за:

 

  • Развој на системи за големи податоци и деловно разузнавање;
  • Развој и имплементација на деловни информациски системи;
  • Развој на системи базирани на оптимизациски алгоритми;
  • Прибирање и обработка на податоци со Python;
  • Развој на web апликации со Java Spring, .NET и PHP;
  • Развој на Frontend (AngularJS, React).

Практикантите ќе можат да го зголемат своето знаење преку користење на модерни технологии и работа на иновативни проекти. Секој практикант ќе добие посветен ментор со долгогодишно искуство во обука и образование. Праксата ќе биде во траење од два или три месеци, од дома или во канцеларија, по избор на студентот.

 

Заинтересираните кандидати може да се пријават на contact@inteligenta.io

 

Само кандидатите што се квалификуваат ќе бидат поканети на разговор.

1

Јован Богоески

Име и презиме: 
Јован Богоески
Наслов: 
Машински превод со помош на длабоко учење: Споредба и евалуација на алгоритми за декодирање
Датум: 
Friday, May 21, 2021 - 11:00

Почитувани студенти,

Објавен е распоред за втори парцијални испити во летен семестар во учебната 2020/2021 година. Истиот може да го видите на огласна табла.

Wednesday, May 19, 2021

Почитувани студенти,

Пријавувањето на испитите на ФИНКИ за прв и втор циклус на студии за јунската испитна сесија 2020/2021 година ќе се одвива во периодот од 21.05.2021 – 28.05.2021 година.

Право на полагање на испит ќе имаат само оние студенти кои ќе имаат уредна електронска пријава во системот iKnow. Во спротивно нема да им се дозволи да го полагаат испитот.

Се пријавуваат сите испити кои студентот планира да ги полагаа во сесијата.

Сите студенти на ФИНКИ испитите ги пријавуваат на ФИНКИ, без разлика каде ги слушале. Студентите плаќаат по 400,00 ден. казна за задоцнето пријавување испит ако електронски не го пријават испитот во дефинираниот рок.

Електронското пријавување на испити се врши со најавувањето на централниот автентикациски сервис на ФИНКИ (CAS) преку адресата:  http://finki.iknow.ukim.edu.mk. Пријавувањето на проблем се врши преку тикет системот, на адресата  http://help.students.finki.ukim.mk. При пријавувањето на проблем задолжително изберете тема: Пријавување испити, бидејќи така се гарантира дека вашиот проблем ќе биде проследен на вистинското место во најкраток рок. Кратко упатство за користење на системот може да најдете тука.

Хартиени пријави за положените испити ќе се носат заедно со документите за упис на зимски семeстар 2021/2022.

 

Thursday, May 20, 2021

Наташа Нетковска

Име и презиме: 
Наташа Нетковска
Наслов: 
Лематизатор на македонскиот јазик
Датум: 
Tuesday, May 25, 2021 - 14:00

Александар Митревски

Име и презиме: 
Александар Митревски
Наслов: 
Класификација на софтверски побарувања со алгоритми за машинско учење
Датум: 
Tuesday, June 1, 2021 - 11:00

Мартин Поповски

Име и презиме: 
Мартин Поповски
Наслов: 
Sport Organizer - Веб апликација за организација на спортски тимови
Датум: 
Thursday, June 3, 2021 - 18:00

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека сите студенти кои немаат техничка можност да полагаат испити и сакаат да полагаат од просториите на факултетот, истото треба да го најават на rasporedi@finki.ukim.mk при што во пораката обавезно треба да пратат број на индекс и список на предмети кои ќе ги полагаат во испитната сесија. Студентите треба да го пратат ова најдоцна до 03.06.2021 година.

Исто така, студентите треба да ја пополнат и потпишат изјавата на линкот и да ја пратат како прилог на поракатa на rasporedi@finki.ukim.mk

 

 

Friday, May 28, 2021

Период јули - август 2021 година

Преку овaa двомесечнa менторскa обука ќе се стекнете со следните компетенции:

· Компетитивни знаења за развој на веб апликации со Angular, Spring Boot и PostgreSQL

· Стекнување со комуникациски вештини, корисни за понатамошната кариера

· Стекнување со вештини кои се корисни за работа во тим

Пратете ни ваше CV со назнака “Пракса за Web programming”, на Е-МАИЛ адресата jobs@sorsix.com доколку:

· Сте во студентска 2020/2021 година (студенти на додипломските (II, III или IV година) или последипломските студии на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство)

· Имате солидно познавање и искуство со програмскиот јазик Java или Kotlin

· Одлично разбирате, читате и зборувате англиски јазик

· Имате желба за постојано усовршување преку работа во тим

· Имате високо ниво на одговорност и тенденција за завршување на обврските

 

ПРИЈАВУВАЊЕ НАЈДОЦНА ДО 13.06.2021

thumbnail_vertical.jpg

0

Почитувани студенти,

Рокот за пријавувањето на испитите на ФИНКИ за прв и втор циклус на студии за јунската испитна сесија 2020/2021 година е продолжен до 02.06.2021 година.

Monday, May 31, 2021