Резултати од пребарување

Трајче Стојковски

Име и презиме: 
Трајче Стојковски
Наслов: 
Пристапи за фазна подготовка на настански податоци за екстракција на метрични индикатори
Датум: 
Friday, December 11, 2020 - 10:00

Софија Панова

Име и презиме: 
Софија Панова
Наслов: 
Веб апликација за онлајн продажба на книги
Датум: 
Tuesday, December 15, 2020 - 13:00

Со длабока тага ја известуваме јавноста дека на 12.12.2020 година, почина

д-р Драган Михајлов

редовен професор во пензија на ФИНКИ во Скопје.

Со неговата смрт нашиот факултет, студентите и вработените загубија вреден и ценет професор и педагог од кого научивме многу и можевме уште многу да научиме.

Тој беше еден од основоположниците и доајените на Информатиката во нашата земја, еден од основачите на ФИНКИ, но пред се голем човек и ментор како за науката, така и за животот.

Од  вработените и студентите на ФИНКИ.
 

Sunday, December 13, 2020

Стефан Стевановски

Име и презиме: 
Стефан Стевановски
Наслов: 
Анализа на иновацијата, бизнис моделот и примената на ИКТ во Intel
Датум: 
Tuesday, December 15, 2020 - 17:00

Марија Илиќ

Име и презиме: 
Марија Илиќ
Наслов: 
Еволуција и организација на е-спортови
Датум: 
Tuesday, December 15, 2020 - 17:45

Маја Николовска

Име и презиме: 
Маја Николовска
Наслов: 
Анализа на иновацијата, бизнис моделот и начин на примена на ИКТ во ИКЕА
Датум: 
Tuesday, December 15, 2020 - 18:15

Ана Билиќ

Име и презиме: 
Ана Билиќ
Наслов: 
Повеќеслојна веб апликација за препораки на филмови
Датум: 
Wednesday, December 23, 2020 - 13:00

Почитувани членови на IEEE, почитувани колеги,

 

Ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме на предавањето на м-р Дарио Стојановски на тема Recent Findings and Advances in Context-Aware and Unsupervised Neural Machine Translation“ што ќе се одржи online, преку платформата Zoom, на 16.12.2020 од 18:00 часот.

 

Предавањето ќе се реализира како заеднички настан на локалните оддели за компјутери, едукација, роботика и автоматика, системи, човек и кибернетика, телекомуникации и теорија на информации при Македонската секција на IEEE, групата Data Science Macedonia, како и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и Факултетот за Електротехника и информациски технологии (ФЕИТ).

 

Повеќе информации за настанот, темата и предавачот можете да најдете на овој линк. Присуството на настанот е бесплатно и слободно за сите заинтересирани, а пожелно е да се регистирате на овој линк

 

На настанот може да се вклучите преку овој линк.

 

Ве очекуваме!

0

Почитувани студенти,

 
Во врска со претстојните избори за претседател и членови на факултетско студентско собрание на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство кои ќе се одржат на 23.12.2020 од 10:00 до 14:00 се објавуваат упатството за работа на изборната комисија, листата на кандидати, гласачкото ливче и избирачкиот список. Поради актуелната епидемиолошка состојба изборите ќе се одвиваат електронски преку факултетскиот систем izbori.finki.ukim.mk, кој гарантира анонимност при гласањетo.
 

Од Изборната комисија

Sunday, December 20, 2020

Комеморативната седница по повод смртта на професорот Драган Михајлов ќе се одржи на 25 Декември 2020 (петок) со почеток во 12 часот, онлајн, на платформата MS Teams, на следниот линк

 

 

 

 

 

 

Професор доктор Драган Михајлов беше наставник и научник во областа на информатиката и компјутерското инженерство и еден од основоположниците на студиите по информатика во државата.

По кусо боледување, почина на 12 Декември годинава, со што академската заедница загуби почитуван и драг колега.

Професор Михајлов е роден на 2ри Јануари 1949 во Скопје.
Дипломирал и магистрирал на Електротехничкиот факултет во Загреб во 1973 и 1975 година, а докторирал на Електротехничкиот факултет во Љубљана 1979 година.
Во периодот од 1973 до 1983 година работел во Математичкиот институт со нумерички центар при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, каде во 1982 година е избран за доцент. На Електротехничкиот факултеот во Скопје е вработен во 1983 како доцент. Во звањата вонреден и редовен професор бил биран во 1987 и 1992 година, соодветно. Во текот на својата работа имал повеќемесечни студиски престои на Електротехничкиот факултет во Загреб во 1974 година, на Електротехничкиот факултет во Љубљана во 1978 и на Одделот за биоматематика на Универзитетот на Калифорнија во Лос Анџелес во учебната 1984-1985 година.
Држел настава по разни предмети од областите на интерес на додипломски и магистерски студии на повеќе факултети (Природно-математички факултет, Воена академија, Медицински факултет, Факултет за физичка култура, Факултет за драмски уметности, Институт за социолошки и политичко правни истражувања). Автор и коавтор е на повеќе од 150 трудови објавени на меѓународни конференции и списанија. Раководел и учествувал во повеќе научно-истражувачки и стручни проекти.

 

 
Wednesday, December 23, 2020