Резултати од пребарување

Согласно Заклучокот на 11 Седница на Владата на Република Северна Македонија одржана на 25.02.2020 година, Министерството за образование и наука Ви ги доставува следните насоки за итно постапување:

1. ПРЕПОРАКА :

Владата на Република Северна Македонија ги известува сите вработени во високото образование и научните установи, како и сите студенти ДОКОЛКУ во последниве 2 (две) недели патувале или живеат со некој којшто патувал во следниве земји/региони: регионите Ломбардија, Венето, Емилија-Ромања, Пиемонт во Италија, како и Кина, Хонг Конг, Иран, Јапонија, Маку, Филипини, Република Кореа, Сингапур, Тајван, потребно е наредните две недели (започнувајќи од 27.02.2020 година) да бидат ослободени од работни обврски и настава и да не доаѓаат на работно место односно студентите кои патувале во овие региони или живеат со некој кој патувал во овие региони да бидат ослободени од настава.

Доколку на ФИНКИ има студенти кои патувале во наведените региони или живеат со некој кој патувал во овие региони, потребно е да ги достават своите контакт информации на е-меил адресата opravdanija@finki.ukim.mk

Friday, February 28, 2020

Се известуваат студентите дека промена на предмет може да се изврши најдоцна до 06.03.2020 година.

Промена на предмет може да вршат сите студенти без разлика дали имаат донесено документи за упис на семестар.

Friday, February 28, 2020

Заверката на зимски и упис на летен семестар 2019/20 година за студентите од II циклус на студии ќе се врши од 02.03.2020 до 06.03.2020 година. Целосното соопштение е достапно на овој линк.

Friday, February 28, 2020

Новата верзија на распоредот на часови за летниот семестар 2019/2020 година може да ја најдете на огласна табла.

Оваа верзија на распоред важи до 06.03.2020 година.

Sunday, March 1, 2020

CyberMK 2020 е Национален натпревар за сајбер-безбедност организиран од Агенцијата за електронски комуникации и Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT како организациска единица во Агенцијата.

Цел на натпреварот е промоција и примена на вештини и знаења од областа на сајбер-безбедноста, во насока на идентификација и развој на идни професионалци за компјутерска безбедност во државата.

Натпреварот е од отворен карактер и секој може да се пријави и учествува, со фокус на младите на возраст од 15 – 27 години, и студентската популација.

Пријави се на https://cyberstars.pro/cybermk/#mkd

cyber_1.gif

0

Почитувани,

И оваа година традиционално ќе се одржи свечено доделување на дипломи на сите дипломирани и магистрирани студенти од 2019-та година, како и награди и пофалници за студентите кои во учебната 2019/20 година ја завршиле со успех 9.5 и над 9.5. Присуството на настанот за наградените студенти е задолжително.

Завршиле I студиска година со просек 9.5 и над 9.5 и освоиле најмалку 60 кредити.

Завршиле II студиска година со просек 9.5 и над 9.5 и освоиле најмалку 120 кредити

Завршиле III студиска година со просек 9.5 и над 9.5 и освоиле најмалку 180 кредити

Забелешки по однос на објавената листа, студентите може да доставуваат до 11.03.2020 година во Службата за студентски прашања од 09:00 до 12:00 h.

Скопје, 05.03.2020 год. Деканат на ФИНКИ

             
             
             
             
             
             
             
             
             
             
             
             
             
Thursday, March 5, 2020

Компанијата Livedooh објавува оглас за вработување.

Повеќе информации може да се погледнат на следниот линк.

1

Конечниот распоред на часови за летниот семестар за учебната 2019/2020 година може го најдете на огласна табла.

Sunday, March 8, 2020

Почитувани,

Oбјавени се списоци на примени студенти на ФИНКИ на втор циклус на студии за академската 2019/2020 година за вториот уписен рок, како и потребните документи за упис.

Wednesday, March 4, 2020

Се известуваат студентите дека е продолжен рокот за промена на предмет до 11.03.2020 година.

Промена на предмет може да вршат сите студенти без разлика дали имаат донесено документи за упис на семестар.

Tuesday, March 10, 2020