Резултати од пребарување

Највисоко рангирани 10 кандидати со завршена државна матура, во категоријата редовни студенти, во првиот уписен рок се стипендирани од УКИМ, односно се ослободени од плаќање партиципација само во учебната 2022/2023 година. Списокот со овие студенти  е поставен овде. Студентите преминуваат во стипендисти на ФИНКИ и ја задржуваат стипендијата во текот на целото студирање само ако имаат просек над 9,50.

 

Кандидатите кои имаат освоено дипломи на републичките и меѓунардоните натпревари по информатика, математика и физика се стипендирани од ФИНКИ со ослободување од плаќање партиципација. Кандидатите кои ги приложиле дипломите со поднесените документи и се ослободени се во следното решение за стипендисти на ФИНКИ. Студентите ја задржуваат стипендијата во текот на целото студирање само ако имаат просек над 9,50. Кандидатите кои имаат вакви дипломи, а не ги приложиле, може тоа да го сторат на 12.09.2022, со носењето на останатите документи.

 

Friday, September 9, 2022

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека на 12.09.2022 и 13.09.2022 студентска служба нема да работи поради уписи на нови студенти.

 

Friday, September 9, 2022

Теодора Спасовска

Име и презиме: 
Теодора Спасовска
Наслов: 
Мобилна апликација со надополнета реалност за каталог на мебел - ARFurniture
Датум: 
Monday, September 12, 2022 - 11:00

По завршувањето на првиот уписен рок на ФИНКИ, за сметка на рангираните пријавени кандидати кои не донесоа документи за запишување, останаа слободни места за вториот уписен рок на повеќето насоки и тоа:




Насока Државна Кофинансирање
Софтверско инженерство и информациски системи 0 8
Software engineering and information systems 0 3
Примена на информациски технологии 0 4
Интернет мрежи и безбедност 0 2
Компјутерско инженерство 0 5
Компјутерски науки 0 7
Компјутерска едукација 1 0
Wednesday, September 14, 2022

Теона Костова

Име и презиме: 
Теона Костова
Наслов: 
Имплементација на управување со лозинки со отворен код со помош на сопствена инфраструктура
Датум: 
Friday, September 16, 2022 - 11:00

Мелина Стојановска

Име и презиме: 
Мелина Стојановска
Наслов: 
ЕРП систем за хотел за животни изработен во Microsoft Dynamics AX 2012
Датум: 
Thursday, September 22, 2022 - 10:00

Тијана Стојановска

Име и презиме: 
Тијана Стојановска
Наслов: 
Веб апликација за онлајн продажба на патнички билети
Датум: 
Thursday, September 22, 2022 - 11:15

Филип Чолакоски

Име и презиме: 
Филип Чолакоски
Наслов: 
Кардано блокчејн - историја, анализа и апликации
Датум: 
Thursday, September 22, 2022 - 17:00
Почитувани студенти,
 
Ве известуваме дека подготвителната настава по математика ќе почне во петок, 16.9.2022 и ќе се одвива во текот на 6 дена:
 
Петок 16.09
Понеделник 19.09
Вторник 20.09
Среда 21.09
Четврток 22.09
Петок 23.09
 
Секој ден наставата ќе почнува од 9 часот и ќе трае најдоцна до 16 часот, при што ќе имате поголема пауза за ручек.
Наставата со физичко присуство ќе се одвива во амфитеатарот на ФИНКИ, во анексот спроти зградата на Технолошко-металуршки факултет.

Он лине наставата ќе можете да ја следите преку Teams, со вашите средношколски сметки или било која друга корисничка сметка што ја имате. Линкот ќе биде пратен во електронска порака на пријавените студенти.

 
Подготвителната настава по програмирање ќе се реализира од 26.9.2022 година (понеделник) до 30.9.2022 година (петок). Деталниот распоред ќе го добиете во текот на следните денови. 
 
Секој пријавен кандидат наставата ќе може да ја следи на начинот што го избрал при пријавувањето, односно, со физичко присуство, преку системите за далечинско учење на ФИНКИ (online) или комбинирано. 
 
Со цел да може да присуствувате на подготвителната настава, потребно е да приложите уплатница со соодветната сума.
 
- 2000 денари за подготвителна настава по програмирање (ако слушате само програмирање)
 
- 4000 денари за подготвителна настава по математика (ако слушате само математика)
 
- 6000 денари за подготвителна настава по програмирање и математика (ако ги имате избрано и двата курса)
 
Уплатницата (достапна тука) треба да ги содржи следниве информации:
 
цел на дознака: подготвителна настава по програмирање/математика/програмирање и математика (соодветно која настава ќе ја следите)
 
назив на примач: Буџет на РМ - УКИМ - Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство, Скопје
 
банка на примач: НБРМ
 
сметка на примач: 100000000063095
 
сметка на буџетски корисник: 1600161700  788 13
 

приходна шифра и програма: 723012  41

 
Уплатницата потребно е да ја донесете на првиот час по математика ако имате избрано математика или и двата курса, или на првиот час по програмирање ако имате избрано само програмирање. Дополнително, сликаjте ja / скенирајте ја уплатницата и пратете ја во електронска форма на електронската адреса podgotvitelna@finki.ukim.mk најдоцна до 16.9.2022 година (петок) до 16:00 часот. Тие што се имаат пријавено да ја следат подготвителната настава онлајн или комбинирано, доволно е првично само на електронската адреса да ја пратат уплатницата сликана или скенирана најдоцна до 16.9.2022 година (петок) до 16:00 часот, а потоа дполнително ќе бидат известени за начинот и рокот за доставувањето на хартиена форма од уплатницата.
 

За било какви прашања можете да ни пишете на podgotvitelna@finki.ukim.mk.

Ви посакуваме успешна настава.

 
Thursday, September 15, 2022

Елена Фенева

Име и презиме: 
Елена Фенева
Наслов: 
Веб платформа за спојување на студенти и работодавци
Датум: 
Friday, September 16, 2022 - 10:00