Резултати од пребарување

Компанијата Livedooh објавува оглас за вработување, сите заинтересирани дополнителни информации можат да добијат во документот подолу.
Документ | Големина на документ |
---|---|
![]() | 348.99 KB |
Во согласност со Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во учебната 2018/19 година, пријавувањето на кандидатите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ќе се одржи во периодот од 8 јануари до 22 февруари 2019 година секој работен ден од 9 до 14.30 часот.
Документите кои заинтересираните кандидати ќе треба да ги приложат при пријавувањето за уписите на втор циклус студии на ФИНКИ, се дадени во делот Потребни документи.
НАПОМЕНА: Уписот на втор циклус студии мора најпрво да се изврши електронски, на системот за упис на нови студенти на УКИМ.
Ве известуваме дека во период од 14.01.2019 - 16.01.2019 год, службата за издавање на уверенија која се наоѓа помеѓу бараките 2 и 3, нема да работи.
Сите потребни документи и уверенија може да ги подигнете од студентска служба од 9 до 12 часот и од 13 до 15 часот.
За уверение за редовен студент потребно е електронски да поднесете барање со кое од наша страна ќе добиете документ електронски пополнет.Оваа постапка се спроведува бидејќи сите образци кои се пополнети на рака не се прифаќаат од страна на другите институции.
Врз основа на член 163 од Законот за високото образование (Сл. Весник 82 од 08.05.2018 година), член 20 и 53 од Правилникот за посебните услови и постапката за избор во наставно-научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања и демонстратори на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Одлуката бр. 02-78 од 15.01.2019 за воспоставување на критериуми за избор на демонстратори во учебната 2018/19 година и член 49 од Правилникот за внатрешни односи и работење на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство Скопје во состав на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, се распишува следниов
ИНТЕРЕН КОНКУРС
За избор на демонстратори за академската 2018/2019 година
Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство Скопје во состав на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје распишува конкурс за избор на демонстратори за учебната 2018/19 година и тоа:
- Два демонстратори од областа информатика и компјутерска техника и информатика на институтот Софтверско инженерство
- Два демонстратори од областа информатика и компјутерска техника и информатика на институтот Интелигентни системи
- Два демонстратори од областа информатика и компјутерска техника и информатика на институтот информациски системи и мрежни технологии
- Два демонстратори од областа информатика и компјутерска техника и информатика на институтот за теориски основи на информатика и пресметковно инженерство
Критериуми за избор
За да биде избран демонстраторот треба да ги исполнува минималните критериуми предвидени во Законот за високото образование, Правилникот за посебните услови и постапката за избор во наставно-научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања и демонстратори на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Посебните критериуми за избор на демонстратори во учебната 2018/19 година донесени од Наставно научниот совет на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство и тоа:
- Демонстратор може да биде лице кое е студент на втор или трет циклус студии од соодветна област (Области од наставно научните подрачја 110 ОЕЦД - информатика и 212 ОЕЦД компјутерска техника и информатика)
- За демонстратор може да биде избран студент кој ги има завршено студиите од прв циклус студии по ЕКТС со освоено 240 ЕКТС кредити на соодветна студиска програма од областа (области од наставно научните подрачја 110 ОЕЦД - информатика и 212 ОЕЦД компјутерска техника и информатика) со просечна оценка од најмалку 8,50
Како критериум за избор се земат:
- учество од 45% на просекот на завршени додипломски студии
- учество од 45% на просекот од задолжителните предмети на студиската програма на која студирал кандидатот на додипломските студии
- 10 % од интервју (оценка на афинитети од областите кои ги покрива соодветниот институт и способност за изведување настава)
- Предност имаат кандидатите кои завршиле студии на повисоко рангирани универзитети. (се пресметува тежински фактор односно коефициент според рангот на универзитетот)
Обем, надоместок и траење на ангажманот
Демонстраторите согласно потребата ќе бидат ангажирани за дежурање и одржување на аудиториски и лабораториски вежби со максимално оптоварување од 12 часа аудиториски вежби односно 8 аудиториски + 8 лабораториски вежби. (сооднос аудиториски/лабораториски е 1/2)
За целосен максимален ангажман на демонстраторот му следува надоместок во максимален износ од 30.000,00 денари нето месечно.
Демонстраторите се избираат до завршетокот на учебната 2018/19 година односно од 01.03.2019 до 30.09.2019 година.
Кандидатите треба да достават:
- Пријава за позицијата за која аплицираат со јасно наведен број на позицијата за која аплицираат. (кандидатите смеат да се пријават само на една од наведените позиции по овој интерен конкурс)
- Кратко СВ (со контакт телефон и меил адреса)
- Доказ дека е студент на втор или трет циклус студии на соодветна студиска програма
- Доказ дек има завршено прв циклус студии по ЕКТС со освоено 240 ЕКТС кредити со просек од мин. 8,5.
- Уверение за положени испити од прв циклус студии
- Потврда за познавање на македонски јазик доколку студиите ги има завршено на друг јазик
Рок на пријавување 5 дена од објавување на соопштението.
Документите се доставуваат во архивата на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство Скопје, улица Руџер Бошковиќ 16, Скопје.

Поради згоелемување на обемот на работа Друштвото за телекомуникациски услуги Телесмарт Телеком ДОО Скопје има потреба од:
- Систем инженер-TCP/IP, за дизајн, имплементација, развој, одржување и конфигурација на јадрени оптички мрежи (Core Network), “edge” кориснички мрежи, конфигурација и сетирање на мрежна опрема.
Потребно e познавање на следните типови мрежна опрема: Cisco, Mikrotik, Zyxell, Trendnet, D-Link, linksys и слично. Мониторинг на мрежната инфраструктура со надградба и развој на нови оптички мрежи и технологии. BGP, OSPF, VPN, Виртуализација, Тунелирање, Антенски системи, Network troubleshooting, Wireless networks, Hotspot”
- Мрежен техничар -TCP/IP, за имплементација, одржување и конфигурација на јадрени оптички мрежи (Core Network), “edge” кориснички мрежи, конфигурација и сетирање на мрежна опрема.
Пожелно e познавање на следните типови мрежна опрема: Cisco, Mikrotik, Zyxell, Trendnet, D-Link, linksys и слично. Мониторинг на мрежната инфраструктура со имплементација на оптички и бежични мрежи.
Доколку имате желба за работа во нашата компанија испратете ја Вашата професионална биографија и писмо на намери на e-mail: emi.veskovska@telesmart.mk
Рок за пријавување најдоцна до 01.02.2019
Само одбраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Smart Solutions, информатичка компанија од Скопје, партнер на водечките фирми во областа на информатичките технологии (Dell, Hewlett Packard, Adobe, Symantec, Veritas, Cisco, Corel, Microsoft, VMware, Citrix, Autodesk и уште многу други), специјализирана за имплементација и поддршка на комплетни информатички решенија, има потреба од пополнување на следната работна позиција: Инженер за техничка поддршка на ИТ системи.
Кандидатот треба да ги исполнува следните услови:
1. Висока стручна подготовка- ФИНКИ (Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство), со или без работно искуство 2. Возачка дозвола (Б категорија) 3. Одлично познавање на македонскиот и англискиот јазик- пишуван и говорен 4. Познавање и искуство во администрирање на различни Оперативни системи ќе се смета за предност 5. Познавање на компјутерски мрежи и компјутерска мрежна опрема ќе се смета за предност. 6. Дополнителни обуки и усовршување ќе се сметаат за предност 7. Комуникативност, организираност, систематичност и темелност во работата, навремено и креативно исполнување на обврските, чувство за тимска работа и одговорност
Заинтересираните кандидати треба да испратат пријава со фотографија, кратка биографија на македонски и англиски јазик и копија од документите коишто го потврдуваат исполнувањето на горенаведените услови на
e-mail: jobs@smartsolutions.com.mk или по пошта на следнава адреса:
Smart Solutions Бул. Октомвриска револуција бр. 4-3/1 1000 Скопје
Огласот трае 15 дена од денот на објавувањето.
Повеќе информации за компанијата може да прочитате на: www.smartsolutions.com.mk

Првата средба иницирана од Блокчеин Хабот Македонија, ќе се случува на први февруари, (петок), во Амфитеатарот на ФИНКИ, (во терминот од 18 до 20 часот), чија цел е да информира за можностите, но, и да ги слушне потребите на блокчеин заедницата во Македонија.
Агендата за настанот, како и дополнителни информации можете да најдете на линкот од фб настанот: https://goo.gl/RpoChH, a пријавувањето може да го направите на следниот линк: https://goo.gl/T51oc5.
Настанот е продолжение на средбата што ја имавме во декември 2018 година, на тема: „Блокчеин технологија, можни начини за градење на екосистемот за развој и примена во Македонија“.

Dear members of DataScience Macedonia,
We are very excited to announce the next MeetUp, that will be held on Thursday, from 18:00 to 20:00 at the Amphitheater of TMF (Faculty of Technology and Metallurgy).
More details on this link.

Компанијата Артисофт има потреба од проширување на тимот. Со таа цел имаме потреба од практиканти, кои по завршената пракса ќе имаат и можност за вработување во нашата компанија. Кандидатите треба да се во последната студиска година.
Потребен е профил на личност која знае да размислува проактивно, сака да стекнува нови вештини и знаења и преку тимска работа да го даде својот придонес во насока на постигнување на целите на компанијата.
Се нуди можност за одлични услови за работа и професионална надоградба.
Работниот ангажман за време на праксата опфаќа 40 часовна работна недела со флексибилно работно време.
Потребни квалификации:
- Основни познавања од областа на: HTML, CSS, JavaScript, PHP, …
- Основни познавања од областа на бази на податоци: PostgreSQL, MySQL, Oracle, …
- Солидно познавање на англиски јазик.-
- Кандидатите со познавање на ColdFusion ќе имаат предност.
Опис на работно место:
- Организирана работа во тим;
- Full stack development
- Комуникација со клиенти;
Заинтересираните кандидати можат да ги достават своите CV-а на
со назнака “За пракса во Артисофт “. Рокот за пријавување е до 17.02.2019 година.

Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство се залагаме и поддржуваме нови иновативни решенија кои го олеснуваат општественото секојдневие. Во оваа насока би сакале да изразиме поддршка за соработката меѓу СмартАп и Уницеф во нивниот престоен проект кој има за цел подобрување на квалитетот на образованието преку имплементирање на иновации во образовниот систем.
Преку своите активности, проектот ќе резултира со развој на Национална веб - платформа која ќе помогне во подобрување на квалитетот на предучилишната настава. За таа цел, досега се креирани четири MVP веб-решенија кои треба да го поминат процесот за тестирање, за да се добие рамка за понатамошен развој. За успешно тестирање на платформите, организациите имаат објавено повик за регрутирање на 98 лица - тестатори за прототип веб-решенијата. Тестирањето е доброволна активност и ќе биде изведена во контролирани околности.
Веруваме дека оваа активност ќе ви овозможи вам, студентите да се запознаете со принципите на UX/UI дизајнот и да се запознаете со нова методологија на работа која користи принципи на дизајнерското размислување (Human Centered Design - Design Thinking). Дополнително, сметаме дека би било исклучително позитивно и општествено одговорно доколку како факултет покажеме дека нашите студенти се тука да помогнат во интересни и нови иницијативи.
Затоа сакаме да ве известиме дека тестирањето ќе се одржи во просториите на на Барака 1 - Нокиа, во периодот од 21.02.2019 – 28.02.2019.
Ве охрабруваме да земете учество во оваа активност за која е потребно да аплицирате.
Повикот можете да го најдете на следниот линк
Аплицирајте на следниот формулар
Рок за пријавување до 18.02.2019!
По завршувањето на рокот, за вашето присуство ќе бидете известени најмалку два дена пред вашиот термин по телефон и е - маил.
*Оваа активност се реализира во рамките на проектот „Поставување на поволно опкружување за подобрување на квалитетот на наставата и учењето преку ко-креирање и иновации“ кој е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада Скопје, Министерството за труд и социјална политика и УНИЦЕФ , а го спроведува СмартАп - Лабораторијата за социјални иновации.