Резултати од пребарување

Цвете Трајковска

Име и презиме: 
Цвете Трајковска
Наслов: 
Семантички базирана апликација за персонални досиеја
Датум: 
Monday, March 22, 2021 - 17:00

Марио Бошковски

Име и презиме: 
Марио Бошковски
Наслов: 
Андроид апликација за правење нарачки и нивна наплата за ресторани
Датум: 
Wednesday, March 24, 2021 - 13:00

Антонио Крстевски

Име и презиме: 
Антонио Крстевски
Наслов: 
Андроид апликација за споделување на превоз
Датум: 
Wednesday, March 24, 2021 - 12:00

Бараме талентирани студенти кои би учествувале во нашата пролетна пракса со цел да ја започнат својата "IT" кариера.

Како дел од оваа три-месечна целосно платена пракса вие ќе бидете обучени во најмодерните технологии за web development како React, Firebase и Node.js.

Ако сте заинтересирани може да дознаете повеќе за нашата пракса и да аплицирате на следниот линк.

1

Грација Николовска

Име и презиме: 
Грација Николовска
Наслов: 
Comparison of lexical and graph-based deep learning models for fake news detection
Датум: 
Tuesday, March 23, 2021 - 13:00

Марија Кавазова

Име и презиме: 
Марија Кавазова
Наслов: 
ETL процес во Data Warehouse
Датум: 
Tuesday, March 23, 2021 - 11:00

Почитувани студенти,

ФИНКИ и оваа година е организатор на меѓународната научна конференција CIIT (International Conference on Informatics and Information Technologies) на која се презентираат трудови од најновите научни достигнувања на истражувачите од земјата и странство. Оваа година, конференцијата ќе се одржи во периодот 6-7.5.2021 како online настан.

Како и секоја година, така и оваа, ФИНКИ им нуди можност за учество на своите студенти на конференцијата, во посебна категорија на студентски трудови. Студентскиот научен труд треба да се однесува на проект кој сте го изработиле или пак на кој тековно работите. Проектот може да биде изработен во рамки на курсевите на Факултетот, да биде ваш самостоен проект или да биде дел од ваша работа завршена за време на студентска размена или пракса.

Студентите кои се заинтересирани за учество на конференцијата треба да напишат свој студентски труд на кој можат да бидат самостојни автори или пак да имаат други колеги студенти, професори, асистенти или истражувачи како ко-автори. Секој студентски труд треба да има студент како прв и главен автор на трудот.

Согласно објавениот повик за трудови (линкот Submissions на http://ciit.finki.ukim.mk), овие трудови треба:

      да го користат официјалниот template на конференцијата,

      да бидат максимум 4 страни,

      да бидат поднесени преку системот на EasyChair.

      при поднесувањето да биде назначено дека станува збор за Student Paper (за разлика од Full Paper и Short Paper).

Рокот за поднесување на студентските трудови е продолжен до 04.04.2021.

Програмскиот комитет на конференцијата ќе направи рецензија, евалуација и селекција на поднесените студентски трудови и најдобрите 10 од нив ќе бидат наградени со бесплатно учество на конференцијата, кое вклучува само котизација поради фактот дека оваа година заради пандемијата со COVID-19 настанот е целосно online.

Главните критериуми при евалуација на испратените трудови ќе бидат иновативноста, имплементацијата на најновите трендови во компјутерските науки и инженерство и коректна форма на техничко изразување. Студентските трудови ќе бидат презентирани во специјални студентски сесии и ќе влезат во изборот за најдобар студентски труд.

Освен презентацијата на вашата работа, учеството на конференцијата ќе ви овозможи и да се запознаете со работата на останатите колеги од факултетот. Затоа, ве покануваме и охрабруваме да земете активно учество во конференцијата.

 

Со почит,

Организациски одбор на CIIT 2021.

Monday, March 22, 2021

Стефан Тасевски

Име и презиме: 
Стефан Тасевски
Наслов: 
Интеракција човек- робот потпомогната од мобилна апликација
Датум: 
Friday, March 26, 2021 - 12:00

Теодор Никола Младеновски

Име и презиме: 
Теодор Никола Младеновски
Наслов: 
Oбразовна веб апликација за деца со пречки во говорот
Датум: 
Friday, March 26, 2021 - 10:00

1. link to the English translated website

2. International registration form 

153086551_2323677844443173_8527539613343466615_n.png

0