Резултати од пребарување

Тие ја претставија компанијата и презентираа примери од проекти од различни индустрии, технологии и области како што се: наука за податоци, машинско учење, медиуми и телекомуникации, здравство, автомобилска индустрија и мобилност, како и модерно банкарство.
Дополнително, тие споделија значајни информации за начинот на кој нивните тимови се справуваат со реални предизвици, како и за можностите за кариера во HTEC – од почетни до напредни позиции и програми за пракса.
Инспиративната сесија што се одржа во лабораторијата брендирана со името на компанијата, проследена со длабоки и сеопфатни дискусии, беше исклучително мотивирачка и значајна за студентите и младите инженери. Тие покажаа извонредна љубопитност и искрена желба за проширување на знаењето и неговата практична примена.
Среќни и благодарни сме што компанијата HTEC е еден од партнерите на ФИНКИ. Се надеваме на плодна и успешна соработка и понатаму, како и на уште многу можности за усовршување и надградба на нашите студенти, младите инженери и Факултетот како целина.

1

На Изборното собрание на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), одржано на 7 ноември 2025 година, нашиот проф. д-р Димитар Трајанов беше избран за дописен член на Академијата.

Со ова признание, МАНУ го потврди неговиот висок придонес во развојот на науката и образованието во Македонија, како и неговата долгогодишна и плодна научноистражувачка активност.

Професорот Трајанов е автор на над 220 научни и стручни трудови, од кои 28 се објавени во списанија со фактор на влијание, а 195 трудови во рамки на меѓународни конференции и други релевантни публикации.

Овој избор претставува високо признание за неговата посветеност, иновативност и академски интегритет, но и гордост за целиот колектив на ФИНКИ и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Искрени честитки до проф. д-р Трајанов со желби за уште поголеми успеси и нови научни достигнувања!

1

Денес се одржува конференцијата „Подобар онлајн“ во организација на A1 Македонија, посветена на дигиталната безбедност и одговорност во онлајн просторот.

Проф. д-р Иван Чорбев од ФИНКИ учествува како панелист на дискусијата за улогата на технологијата, медиумите и бизнисите во создавање побезбеден дигитален екосистем.

Следиме интересни разговори и актуелни теми од областа на сајбер безбедноста и дигиталните права.

Конференција Подобар онлајн - A1 Македонија
Панел дискусија на конференцијата Подобар онлајн
0

Табови

Игор Гошев

Табови

David Arsov

Табови

Давид Арсов

Почитувани,

Во рамки на европскиот проект STREAM-IT, Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување организира менторска програма за градење капацитети за научна комуникација за студенти (додипломски, магистерски, постдипломски студии) и истражувачи од STEM областите (наука, технологија, инженерство и математика).

STREAM-IT Mentor Program

Програмата им овозможува на учесниците да ги развијат своите комуникациски и презентациски вештини и да се натпреваруваат на национален натпревар во научна комуникација, со можност победникот да учествува на меѓународен натпревар во Будимпешта во јуни 2026.

Рок за апликација: 05.12.2025
Линк за апликација: https://forms.gle/kgBdHDRTEP7t2Zyz6
Повеќе информации: https://mir.org.mk/povik-za-uchestvo-mentorska-programa-za-gradenje-kapaciteti-za-nauchna-komunikacija/

Со почит,
Фондација за менаџмент и индустриско истражување

0

Табови

Igor Goshev

Ве покануваме да учествувате на работилницата која ќе се одржи на 24.11.2025 (Понеделник) од 18:00h во просториите на Netaville – https://netaville.mk
За време на работилницата ќе бидат обезбедени сите потребни материјали за изработка и конфигурација на сензорите.

Пријавување и дополнителни информации на следната форма: https://forms.cloud.microsoft/r/TDhW2qXVK0 

Бројот на учесници е ограничен.

0