Резултати од пребарување

G+D Netcetera’s 2025 Autumn/Winter Internship Program is now open! Apply today for an opportunity to develop your skills, deepen your knowledge, and gain practical experience on real projects using the latest technologies - all while receiving guidance from a dedicated mentor and support from experienced colleagues.
G+D Netcetera guarantees:
- a smooth onboarding process, comprehensive training, and ongoing learning initiatives
- all the necessary equipment
- your health, safety, and well-being as top priorities
- a culture of care, collaboration, and continuous improvement.
Additionally, you will join an inclusive and diverse work environment that values the unique contributions of individuals from various disciplines, backgrounds, and lifestyles.
Take the next step in your professional journey by applying for an internship at G+D Netcetera.
Software Engineer Internship - https://bit.ly/software-eng-intern-25-aw
Machine Learning Engineer Internship - https://bit.ly/ML-intern-25-aw
QA Internship- https://bit.ly/qa-intern-25-aw
Прелиминарна листа на примени кандидати по објавениот конкурс за трет циклус студии на насоката Компјутерски науки и инженерство
| Код (првите седум бројки од ЕМБГ) | Ментор |
|---|---|
| 0809001 | проф. д-р Димитар Трајанов |
| 1003000 | проф. д-р Магдалена Костоска Ѓорческа |
Прелиминарна листа на примени кандидати на трет циклус студии, на студиската програма Информатика во учебната 2025/26 година, во прв уписен рок
| Студиска програма | Код на кандидатот |
|---|---|
| Информатика, ФИНКИ | 0201995 |
Магистерски студии
Втор циклус студии
Во согласност со Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, пријавувањето на кандидатите за првиот уписен рок на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ќе се одржи од 01 октомври до 15 октомври 2025 година.
Напомена: За учебната 2025/2026 година ќе биде активен само првиот уписен рок. Втор уписен рок нема да се реализира.
Заради поефикасно процесирање на документите за упис, документите во хартиена форма, треба да се донесат на шалтер во Студентска служба - ФИНКИ на наведените датуми од 09:00 до 12:00 часот.
Документите кои заинтересираните кандидати ќе треба да ги приложат при пријавувањето за уписите на втор циклус студии на ФИНКИ, се дадени во делот Потребни документи.
НАПОМЕНА: Уписот на втор циклус студии мора најпрво да се изврши електронски, на системот за упис на нови студенти на УКИМ.
Почитувани студенти,
Ве информираме дека доставувањето на статистичките обрасци ВОИ 20 до студентската служба на ФИНКИ не е потребно.
Сите потребни информации ќе бидат официјално и навремено проследени од страна на ФИНКИ до Државниот завод за статистика, по службена должност.
Ви благодариме за соработката и разбирањето.
3.а. Кандидатите примени во државна квота поднесуваат потврда за уплата на прва рата од 100 евра во денарска противвредност по среден курс на НБ на Република Северна Македонија (пример уплатница)
3.а.1. Договор за студирање во државна квота во два примероци
3.б. Кандидатите во квота со кофинансирање поднесуваат потврда за уплата на прва рата од 200 евра во денарска противвредност по среден курс на НБ на Република Северна Македонија (пример уплатница), како и
3.б.1. Изјава за согласност за поднесување на трошоците на студирање
3.б.2. Договор за студирање во квота со кофинансирање во два примероци
8. Индекс (со залепена слика) и студентска легитимација (со залепена слика), пополнети без број на индекс (се купува од книжара)
Согласно одлуката на Наставно-научниот совет, на следните студенти им е зволено продолжување на студиите на ФИНКИ.
|
Бр |
Име Презиме |
Универзитет, факултет, насока |
На студиска програма |
Решение за признавање испити |
Број на признаени кредити |
Квота |
|
1. |
Ана Пандевска |
ФЕИТ |
СИИС |
Решение во архива на ФИНКИ |
36 |
Кофинансирање |
|
2. |
Prag Yadav |
Унив. Апостол Павле |
SEIS |
Решение во архива на ФИНКИ |
42 |
Странски студенти |
|
3. |
Omer Bajram |
Епока Университѕ – Тирана |
SEIS |
Решение во архива на ФИНКИ |
48 |
Кофинансирање |
|
4. |
Благојче Петров |
Унив. Марибор, Словенија |
ССП |
Решение во архива на ФИНКИ |
42 |
Кофинансирање |
|
5. |
Михаил Трајкоски |
ФОН |
ПИТ |
Решение во архива на ФИНКИ |
26 |
Кофинансирање |
Сите студенти кои се сложуваат со решенијата, ќе треба да се испишат од матичните факултети и запишат на ФИНКИ, до 02.10.2025. При запишувањето, студентите треба да донесат:
- Матични документи (свидетелства, дипломи, извод од матична книга на родени и уверение за државјанство)
- Исписница од преходниот факултет
- Уплатница на сметката на ФИНКИ во износ за признавање на положени испити од: - друг универзитет од странство – 400 денари - друг универзитет од земјата – 300 денари - единицата или друга единица на ист Универзитет -200 денари, за секој од признаениете предмети според решението (согласно ценовникот на ФИНКИ) (на пример, за 3 признаени предмети, потребно е да се уплатат 3x400МКД, односно 1200МКД). Исклучок од ова се студентите кои на ФИНКИ преминуваат од ПМФ - студии по информатика или ФЕИТ – ИКИ и ИНФО.
- Документи за запишување на зимскиот семестар
- Изјава за доставени документи
- Пријавен лист од Државен завод за статистика на РМ (образец ВОИ. 20) (се купува од книжара или преземете го и испечатете го од https://www.stat.gov.mk/obrasci/Obrazovanie/VOI.20.pdf)
- Кандидатите во квота со кофинансирање поднесуваат потврда за уплата на прва рата од 200 евра во денарска противвредност по среден курс на НБ на Република Северна Македонија (пример уплатница), како и
- Договор за студирање во квота со кофинансирање во два примероци
- Изјава за согласност за поднесување на трошоците на студирање
- Кандидатите примени на Стручни студии за програмирање поднесуваат потврда за уплата на прва рата од 300 евра во денарска противвредност по среден курс на НБ на Република Северна Македонија (пример уплатница), како и
- Изјава за согласност за поднесување на трошоците на студирање
- Договор за студирање на ССП во два примероци
- Потврда за уплата на 1000,00 денари на сметката на ФИНКИ за трошоци од специфика на студиската програма. (пример уплатница)
- Потврда за уплатени 750,00 денари - за информативни, информатички, културни и спортски активности на студентите на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, со назнака Одлука на УКИМ за ИКСА, ФИНКИ, (пример уплатница).
- Потврда за уплатени 350,00 денари - Е-УКИМ, (пример уплатница).
- Студенти кои сакаат да дадат пристап на трето лице за увид на личните документи и пристап до документите од студентското досие, потребно е да пополнат и поднесат Изјава за пристап до информации и документи од трети лица на ФИНКИ
- Индекс (со залепена слика) и студентска легитимација (со залепена слика), пополнети без број на индекс (се купува од книжара)
Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство Скопје во состав на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје распишува конкурс за избор на демонстратори за учебната 2025/26 година.
Критериуми за избор
За да биде избран демонстраторот треба да ги исполнува минималните критериуми предвидени во Законот за високото образование, Правилникот за посебните услови и постапката за избор во наставно-научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања и демонстратори на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Посебните критериуми за избор на демонстратори донесени од Наставно научниот совет на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство и тоа:
- За демонстратор може да биде избран студент кој ги има завршено студиите од прв циклус студии по ЕКТС со освоено 240 ЕКТС кредити на соодветна студиска програма од областа, согласно Уредба за утврдување на научно-истражувачките полиња од трето ниво (области) (сл. Весник бр. 91/2024) и тоа сите области од научното поле 1.02 ( Компјутерски науки, информациски науки, образование во информатика и др.) и од научното поле 2.02 областа 2.02.00.14 (Компјутерска техника, информатика и роботика) односно области од наставно научните подрачја 110 ОЕЦД - информатика и 212 ОЕЦД компјутерска техника и информатика по квалификација на ОЕЦД (Сл. весник 103/2010) со просечна оценка од најмалку 8,50.
Како критериум за избор се зема:
- учество од 85% на просекот на завршени додипломски студии
- просекот се коригира со фактор согласно рангирањето на универзитетот
- 15 % од интервју
Обем, надоместок и траење на ангажманот
Демонстраторите согласно потребата ќе бидат ангажирани за дежурање и одржување на аудиториски и лабораториски вежби со максимално оптоварување од 12 часа вежби. За целосен максимален ангажман на демонстраторот му следува надоместок во максимален износ од 36.000,00 денари нето месечно.
Факултетот може да избира демонстратори од индустрија кој ги исполнуваат минималните законски услови. Демонстраторите од индустрија можат да имаат максимален ангажман од 4 часа вежби и ќе добијат 30% попуст на магистерските студии или еквивалента исплата.
Работното време е 40 работни часа во текот на неделата согласно распоред на настава и други дополнителни работни задачи.
Демонстраторите се избираат до завршетокот на учебната 2025/26 година.
Кандидатите треба да достават:
- Пријава за позицијата за која аплицираат (демонстратор или демонстратор од индустрија)
- Број на индекс од додипломски (за студенти на ФИНКИ) или Уверение за дипломирање од прв циклус студии за студенти кои завршиле на друг факултет
- Краткa биографија (CV) со контакт телефон и eмаил адреса
- Број на индекс од втор или трет циклус студии на ФИНКИ или изјава дека ќе се пријават на втор или трет циклус на студии на ФИНКИ во првиот уписен рок
- Избор на групи од предмети на кои се пријавува (подредени по приоритет). Групирањето на предметите е достапно на следниот линк.
Заинтересираните кандидати треба сите документи да ги испратат на емаил адресата arhiva@finki.ukim.mk најдоцна до 02.10.2025 до 23:59.
