Резултати од пребарување

Почитувани,

Подолу се наведени потребните документи за упис на примени студенти на ФИНКИ на втор циклус на студии за академската 2024/2025 година.

Уписот на новите студенти на II циклус на студии во учебната 2024/2025 ќе се врши од 28.10. до 01.11.2024 година, заклучно со 01.11.2024, од 09:00 до 12:00 ч во службата за студентски прашања на ФИНКИ.

Потребни документи за запишување:

1. Индекс

2. 3 фотографии

3. Доказ за државјанство на РМ (уверение или решение)

4. Извод од матичната книга на родените

5. Образец за запишување семестар

6. Интерен пријавен лист

7. Статистички образец за II циклус на студии – ШВ.80А

8. Договор за студирање за едногодишни и двогодишни студии

9. Доказ за уплата на прва рата во висина од 900 евра за едногодишните студии односно 625 евра за двогодишните студии во денарска противвредност според среден курс на Народна Банка на РС. Македонија.

prijavazaupisna2ciklusstudii.png

Friday, October 25, 2024

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека рокот за упис на семестар за студентите од втор циклус на студии (магистерски студии) е продолжен до петок, 8 ноември 2024 година.

Со почит,

Monday, November 4, 2024

Табови

Milos Jovanovik Ph.D.

Историјат

Body: 

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) е резултат на здружувањето на двата најголеми институти од областа на информатиката и компјутерската техника во Македонија – Институтот за информатика (ИИ) при Природно-математичкиот факултет и Институтот за компјутерска техника и информатика (ИКТИ) при Факултетот за електротехника и информациски технологии.

Во дадената форма двата институти работат уште од осумдесеттите години на минатиот век. ИИ почнува да работи од далечната 1985 година како рамноправна составна целина на повторно обединетиот ПМФ под името Институт за информатика. ИКТИ потекнува од Катедрата за техничка кибернетика, која 1982 година прво прераснува во завод, а потоа и во институт.

Во овој период од скоро 30-тина години кај овие Институти се случува постојан раст во научните и техничките капацитети, како резултат на извонредните залагања на нивните членови, а во тренд со светскиот подем на информатиката. Сѐ поголемиот интерес на студентите за оваа област и сѐ поголемиот развој и можностите на двата Институти доведуваат до тоа во последните учебни години да станат најголеми институти на факултетите и да опслужуваат скоро 50% од студентите.

Во целиот период на развој, постојат голем број заемни проекти и истражувања, како на лична, така и на институционална основа. Двата институти беа во постојаната трка за што повисок квалитет на студиите, научно-истражувачката и апликативната дејност. Ваквата трка всушност резултираше со еден конечен обединувачки фактор – сѐ позначителен развој и подем на информатиката во Македонија и формирање на една исклучително силна заедница на информатички насочени наставни кадри. Од 2011 година тие и формално започнуваат да чекорат по заеднички пат како најсилна и најнапредна научно-истражувачка и образовна институција во Македонија од областите на информатиката – Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

Монографии

ФИНКИ со гордост ја претставува Монографијата „10 години ФИНКИ“, која ги прикажува клучните моменти, достигнувања и успеси на факултетот во текот на првите десет години од неговото постоење. Монографијата е достапна во електронска форма и може да се прегледа на следниот линк.

Почитувани студенти,

Во табелата дадени се термини за комплетирање на документи за упис на зимски семестар 2024-2025 година, пријавен лист од Државен завод за статистика на РМ (образец ВОИ.20) и индекс.

Студентите кои не извршиле уплата за упис на семестар, истото треба да го направат преку Iknow системот или на уплатници согласно новиот ценовник:

  • Уплата за школарина (пример уплатница)
  • Уплата во износ од 1000 денари на сметката на Финки (Дополнителни надоместоци за извршени услуги или трошоци поврзани со специфики во реализација на студиските програми на Факултетот) (пример уплатница)
  • Уплата од 750 денари на сметката на Уким, ИКСССА (Информативни, културни, спортски, студентски сервиси и други активности на Универзитет) (пример уплатница)
  • Уплата од 350 денари на сметката на Уким, E-УКИМ (Користење на електронски услуги од УКИМ - формулари, пријави, уписни и листови за заверка на семестар) (пример уплатница)
  • Уплата од 100 денари на сметката на Уким (Реализирање на дигиталната услуга - запишување и заверување на семестар) (пример уплатница)

Се замолуваат студентите да не чекаат за носење на документација во последниот ден бидејќи се создава многу гужва и нема да може сите да бидат услужени.

Студенти запишани во учебната година Дата (работни денови) Приемно време
2023 - 2022 11.11.2024 - 15.11.2024 Од 09 до 12 часот
2021 - 2020 18.11.2024 - 22.11.2024 Од 09 до 12 часот
2019 - 2018 25.11.2024 - 29.11.2024 Од 09 до 12 часот
2017 - Oстанати 02.12.2024 - 06.12.2024 Од 09 до 12 часот
Wednesday, November 6, 2024

Табови

Magdalena Kostoska Ph.D.

Табови

Vangel Ajanovski Ph.D.