Резултати од пребарување
Табови
д-р Одеј Као
Табови
д-р Ѓорѓи Стрезоски
Табови
Gjorgji Strezoski Ph.D.
Почитувани студенти,
Пријавувањето на испитите на ФИНКИ за прв и втор циклус на студии за јануарска испитна сесија 2023/2024 година ќе се одвива во периодот од 12.01.2024 до 22.01.2024 година
Право на полагање на испит ќе имаат само оние студенти кои ќе имаат уредна електронска пријава во системот iKnow.
Во спротивно нема да им се дозволи да го полагаат испитот.
Се пријавуваат сите испити кои студентот планира да ги полагаа во сесијата.
Сите студенти на ФИНКИ испитите ги пријавуваат на ФИНКИ, без разлика каде ги слушале. Студентите плаќаат по 400,00 ден. казна за задоцнето пријавување испит ако електронски не го пријават испитот во дефинираниот рок.
Електронското пријавување на испити се врши со најавувањето на централниот автентикациски сервис на ФИНКИ (CAS) преку адресата: http://finki.iknow.ukim.edu.mk. Пријавувањето на проблем се врши преку тикет системот, на адресата http://help.students.finki.ukim.mk. При пријавувањето на проблем задолжително изберете тема: Пријавување испити, бидејќи така се гарантира дека вашиот проблем ќе биде проследен на вистинското место во најкраток рок.
Рокот за пријавување на испити нема да биде продолжен.
Почитувани студенти,
Објавен е распоред за распоред за јануарска испитна сесија во учебната 2023/2024 година. Истиот може да го видите на огласна табла.
Почитувани студенти,
На следниот линк е прелиминарната листа на примени кандидати на вториот уписен рок од конкурсот за докторски студии на насоката КНИ.

Повикот за ИноКамп 3 е отворен!
Пријави се за тридневно иновациско искуство со сите вклучени трошоци.
Ако си студент на природни или технички науки или имаш интерес и искуство поврзано со предизвикот тогаш Инокампот е наменет за тебе.
23-25 февруари во Кавадарци
48 часа
120.000,00 МКД награда за победникот
Предизвикот за Инокамп 3 е Креирање на модел на одржливо училиште.
Повеќе информации за повикот и апликациската форма можеш да најдеш на следниот линк - https://innocamps.lead.org.mk/?page_id=3261
Во системот за молби овозможени се следните:
- Молба за запишување на повеќе од 35 кредити
- Молба за плаќање на рати
- Молба за запишување на предмет без исполнет предуслов
Крајниот рок за поднесување е до 12.02.2024.
Почитувани студенти,
Ве известуваме дека проверката на досие за студенти кои пријавиле дипломски труд во системот за дипломски од 1.1.2024 година, ќе се изведува исклучиво електронски.
Постапката е следна:
- Студентот пријавува дипломска во системот за дипломски
- Студентска служба интерно го прегледува досието и забележува кои пријави се доставени, а кои фалат во iKnow системот'
- Пријавите редовно ќе бидат ажурирани во IKNOW системот во табот за испити
- По проверката на досието, предметите за кои има физички пријави ќе бидат селектирани во колоната Физ. При. и како професорите ќе доставуваат дополнителни пријави, оваа информација за предметите ќе се ажурира
- Кога студентот ќе дипломира на шалтер треба да ги достави следните документи:
- Записник од дипломски труд
- Пријава од дипломски труд
- Статистички образец ВОИ 50 (пополнет)
- Уплата преку IKNOW системот (уверение дипломиран- ФИНКИ).
Сите кои пријавиле дипломска пред 2024 година, ќе продолжат со проверка на досие на шалтер, додека целосно не се ажурираат податоците во системот.
Со оваа постапка се намалува гужвата на шалтер и отвора можност за проверка на досие за сите студенти кои се во странство.