Резултати од пребарување
Почитувани студенти,
На линкот е распоредот за полагање на парцијални испити, во деновите од 21.4.2020 до 25.4.2020. Соодветно на тоа, наставата ќе продолжи да се изведува од Понеделник, 27.4.2020 година.
Напоменуваме дека електронското полагање е опционално, односно не е задолжително за студентите.
Парцијалните испити по дел од предметите согласно објавениот распоред ќе се одвиваат преку електронски средства на системот за е-учење кој за студентите е достапен преку адресата: ispiti.finki.ukim.mk
За да можете да полагате парцијални испити преку електронски средства потребни ви се следните услови:
- Да имате персонален компјутер (десктоп или лаптоп)
- Да имате интернет конекција
- Да инсталирате софтверска компонента специјализирана за полагање на далечина - Safe Exam Browser
Софтверсkиот пакет Safe Exam Browser може да го преземете од следната адреса:
https://github.com/SafeExamBrowser/seb-win/releases/download/v2.3/SafeExamBrowserInstaller.exe
За секој предмет во соодветниот курс на системот ispiti.finki.ukim.mk, ќе добиете дополнителни насоки од страна на предметните професори, согласно начинот на полагање.
Со преземање на специјалниот пакет даден во секој курс започнувате со испитот, при што се активира специјализираната софтверска алатка која ви овозможува да полагате во контролирана околина.
За време на полагањето, софтверот ќе ви дозволи пристап само до оние ресурси кои Ви се потребни за реализација на испитите и ќе оневозможи користење на други алатки или програми.
По завршувањето на полагањето и гасењето на софтверот, компјутерскиот систем ќе се врати во нормала и ќе можете да продолжите нормално да го користите.
Би сакале да Ви укажеме дека софтверскиот пакет поседува низа на заштитни механизми со кои се спречуваат злоупотреби за време на испитот и доколку се случи истиот да детектира некаква недозволена активност истиот ќе го заврши испитот, со што за Вас полагањето ќе заврши.
Согласно одлуката на Наставно научниот совет, препишувањето за време на електронскиот испит се квалификува како најтежок облик на дисциплинска повреда и повлекува најстрога казна предвидена со статутот на Факултетот и Универзитетот
Пристапот до парцијалните испити е можен само со користење на специјалната софтверска алатка, па затоа ги советуваме студентите навремено да го инсталираат.
Токму за таа цел, на системот ispiti.finki.ukim.mk во курсот KONSULTACII (директен линк: https://ispiti.finki.ukim.mk/course/view.php?id=1599 ) е поставен тест испит кој има за цел да ги запознае студентите со начинот на изведување на испитите и да може навремено студентите да се осигураат дека сите технички услови се исолнети за одвивање на парцијалните испити.
Ги охрабруваме сите студенти навремено да се подготват за да процесот на изведување на парцијални испити.

Компанијата Дата Медикал Софтвер (ДМС) објавува оглас за вработување.
Повеќе информации за позицијата и потребните квалификации се достапни во следниов оглас.

МЦА објавува пракса за КОВИД периодот со фокус на backend технологии, со можност за вработување.
Огласот можете да го погледнете тука.

Компанијата Дата Медикал Софтвер (ДМС) објавува оглас за вработување. Повеќе информации за позицијата и потребните квалификации се достапни во следниов оглас.
Почитувани студенти,
Сите студенти кои слушале предмети во зимскиот семестар од учебната 2019/2020 година, задолжително да ја пополнат анкетата поставена на anketi.finki.ukim.mk.
За најава треба да се користи корисничкото име и лозинката од iKnow.
Анкетите за самоевалуација се законска обврска и соодветно пополнувањето на истите е услов за заверка на следниот семестар
Рокот за пополнување на анкетата е до петок 15.5.2020 година.

Нашата веб страница ќе започне со работа во среда, 6 Мај 2020 на пладне. http://naukazadeca.mk/
#НаукаЗаДеца е иницијатива која потекнува од група научници и наставници, но е отворена за сите. Тоа е некомерцијална иницијатива која промовира научна култура и ментална фискултура кај најмладите! Воедно, во моментов, може да послужи како извор на дигитални едукативни ресурси кои може директно да се искористат во наставниот процес.
„Наука за деца” е под покровителство на граѓанската инцијатива Кантарот (http://qantarot.blogspot.com/). На таа иницијатива се приклучи ОХО (www.oxo.org.mk) со цел да се даде поттикне дигиталната трансформација на македонското образование, и невладината организација ДИГ-ЕД (http://dig-ed.org/) чија мисија е да се промовираат дигитални ресурси во образованието.
Корона вирусот нè натера сериозно да размислуваме за дигитализацијата на македонското образование. Во овој момент родителите разбираат дека децата имаат ограничено количество внимание во ситуација кога не се заедно со своите учители и соученици. Наставниците се свесни дека системот не е создаден да поддржува образование на далечина и дека наставните содржини треба да се прилагодат на новото време. Научниците имаат шанса да промовираат научна писменост меѓу најмладите, користејќи ги ресурсите кои се лесно достапни,
Постојат три извори на информации кои ги споделуваме на #НаукаЗаДеца. Во соработка со FuseSchool (https://www.fuseschool.org/) одбравме видеа од природните науки кои наставниците кои се приклучија на иницијативата ги анотираа и преведоа на македонски јазик. ОХО ќе ги искористи преводите за да ги синхронизира видеата на македонски јазик. Научниците кои се приклучија на иницијативата креираат описи на научни експерименти кои можат да се изведат во домашни услови. Конечно, ги повикавме и студентите (прво на Финки, но повикот е отворен за сите) да креираат кратки видеа со експерименти што се направени во домашни услови и споделени по социјалните мрежи со хаштагот #НаукаЗаДеца.
Нашиот план е да преведеме најмалку 100 едукативни видеа. Дополнително, ќе имплементираме можност за поставување на прашања поврзани со видеата, и одредување на местото на видеото каде што се наоѓа одговорот. Се надеваме дека бројот на експерименти ќе расте, и дека голем број на научници, наставници, студенти и научни ентузијасти ќе се приклучат на оваа иницијатива. Нашата желба е да се појават што е можно повеќе дигитални едукативни ресурси и содржини на македонски јазик.
Почитувани,
Ве информираме дека на 8 и 9.5.2020 ќе се оддржи седумнаесеттата по ред Меѓународна конференција за информатика и информациски технологии - CIIT 2020 во организација на ФИНКИ. Оваа година конференцијата ќе се оддржи со видеоконференциска врска.
Повеќе информации за конференцијата можете да најдете нa ciit.finki.ukim.mk, каде е достапен и деталниот распоред на конференцијата. Сите заинтересирани кои сакаат да присуствуваат на конференцијата, може да не контактираат на ciit@finki.ukim.mk при што треба да испратат име, презиме и компанија во која работат или образовна институција во која студираат.
Ве очекуваме!
Почитувани студенти,
Заради заштита на јавното здравје, здравјето на студентите и нивните најблиски, како и здравјето на вработените и ангажираните лица на факултетот, а со оглед на големиот број студенти и природата на испитите, имајќи во предвид дека студентските домови не се отворени и јавниот превоз е ограничен и ризичен, на седницата на Наставно-научниот совет на ФИНКИ беше донесена одлука за далечинско полагање на испитите во Јунската испитна сесија 2020 преку електронски средства за комуникација. Истата ќе започне на 15.06.2020, а ќе трае до 15.07.2020, со можност да биде продолжена доколку за истото има потреба.
Колоквиумската недела ќе заврши на 08.06.2020, а период од 09-14.06 ќе се искористи за тестирање и оптимизирање на инфраструктурата за далечинско полагање кај студентите и во Факултетот.
Владата на РСМ досега објави неколку тековни протоколи за одржување на семинари, средби и состаноци. Во тек е објава и на протокол за работа на високо-образовните установи каде се пропишани строги мерки за работа со заштитни механизми. Согласно нашите анализи, инфраструктурата каде привремено е сместен ФИНКИ не ги задоволува условите за испити со физичко присуство пропишани во протоколите, а применети на нашиот обем и тип на работа. Согласно уредбите, од 9-те компјутерски лаборатории на факултетот, услови за изведување на испити според протоколите има само во две лаборатории, со намален капацитет на истите. Од училниците кои ги споделуваме со соседните факултети на кампусот, само четири поголеми простории во одредена мера ги задоволуваат условите, повторно со намален капацитет. Дополнително, според протоколите, потребна е постојана дезинфекција на просториите и опремата и нивно постојано проветрување, за што се потребни дополнително време кое повторно одзема од капацитетите, комплексна логистика и дополнителни човечки ресурси.
Со оглед на сето тоа, во понатамошниот текст е извадок од одлуката кој се однесува на далечинското полагање на испитите:
Испитите, колоквиумите и другите облици на проверка на знаење на факултет се реализираат далечински преку електронскиот систем на факултетот доколку ги исполнуваат условите од член 4 од Правилникот за начинот на реализација на дејностите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и единиците во неговиот состав согласно со мерките на надлежните органи во Република Северна Македонија за спречување на внесување и ширење на коронавирусот CoVid-19.
По исклучок од став 1, испити со физичко присуство можат да се спроведуваат на факултетот (во крајно ограничен број простории кои ги задоволуваат условите од протоколите на владата) само за студенти кои претходно ќе се пријават дека немаат технички можности за електронско полагање од дома. Пријавувањето за немање техничка можност се однесува на сите испити во таа сесија, а не на поединечен предмет. Испитите со физичко присуство се спроведуваат во компјутерските лаборатории на факултетот преку електронскиот систем на факултетот (онлајн) на ист начин, односно ист тип задачи, исти услови како студентите кои полагаат онлајн од дома. Зависно од условите и бројот на студенти кои немаат технички можности за полагање од дома испитите со физичко присуство ќе се одвиваат во исто време кога ќе полагаат и сите останати студенти или во дополнителен термин кој ќе биде дополнително одреден доколку постојат услови за тоа. При физичкото доаѓање на студентот треба да пополни епидемиолошка анкета и да ги почитува протоколите од владата за постапување на високообразовните установи при изведување на испит во време на коронавирус кризата (носење заштитни средства и други инструкции според протоколите кои ќе бидат дополнително објавени). Студентите кои ќе се пријават за полагање со физичко присуство ќе немаат право да ги полагаат испитите далечински во целата сесија.
Условите за далечинско полагање за студентите опфаќаат компјутер со интернет врска, инсталиран софтвер Safe Exam Browser, камера или мобилен телефон со камера и дополнителен бесплатен софтвер во зависност од предметот кој се полага. Согласно одлуката, сите студенти кои немаат или не можат да обезбедат услови за далечинско полагање на испитите во јунската сесија, потребно е да испратат е-маил порака до ispiti@finki.ukim.mk за да се организираат услови на факултетот за полагање за нив најдоцна до Сабота, 30.5.2020.
Поради моменталната ситуација и условите, Факултетот одлучи дополнителните термини за полагање, како замена за немањето колоквиуми, за предметите од летен семестар, наместо во оваа јунската сесија, да бидат во септемвриската сесија, кога се надеваме дека ќе имаме повеќе опции во зависност од тековната ситуација. Почетокот на сесијата ќе биде утврден и навремено објавен.
Почитувани студенти,
На линкот е распоредот за полагање на втори парцијални испити.
Почитувани студенти,
Пријавувањето на испитите на ФИНКИ за прв и втор циклус на студии за јунската испитна сесија 2019/2020 година ќе се одвива во периодот од 1.6.2020 – 6.6.2020 година.
Право на полагање на испит ќе имаат само оние студенти кои ќе имаат уредна електронска пријава во системот iKnow. Во спротивно нема да им се дозволи да го полагаат испитот.
Се пријавуваат сите испити кои студентот планира да ги полагаа во сесијата. Студентите кои предметите ги полагаат преку колоквиуми, исто така треба да ги пријават електронски.
Сите студенти на ФИНКИ испитите ги пријавуваат на ФИНКИ, без разлика каде ги слушале. Студентите плаќаат по 400,00 ден. казна за задоцнето пријавување испит ако електронски не го пријават испитот во дефинираниот рок.
Електронското пријавување на испити се врши со најавувањето на централниот автентикациски сервис на ФИНКИ (CAS) преку адресата: http://finki.iknow.ukim.edu.mk. Пријавувањето на проблем се врши преку тикет системот, на адресата http://help.students.finki.ukim.mk. При пријавувањето на проблем задолжително изберете тема: Пријавување испити, бидејќи така се гарантира дека вашиот проблем ќе биде проследен на вистинското место во најкраток рок. Кратко упатство за користење на системот може да најдете тука.
Хартиени пријави за положените испити ќе се носат по процедура која дополнително ќе биде објавена.