23/09/2015
Компанијата Ултра ДОО објавува отворен конкурс за работа и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат.
Ултра ДОО - водечка компанија во ИТ индустријата во Македонија, има потреба од лице кое ќе работи на позицијата ИТ систем инженер.
Кандидатот треба да ги поседува следните квалификации:
- Завршено соодветно високо образование, или во последна година на студии
- Со или без работно искуство
- Познавање на компјутерски хардвер
- Познавање на Linux сервер околина (инсталација, конфигурација, apache, tomcat, nginx)
- Познавање на ситеми за backup на податоци
- Познавање на други оперативни системи и информатичка опрема ќе се смета за предност
- Познавање на англиски јазик
- Возачка дозвола Б категорија не е задолжителна, но се смета за предност
- Поседување на сертификати, уверенија и дипломи се сметаат за предност
Компанијата нуди:
- Соодветна и редовна заработувачка
- Современи услови за работа
- Тимска работа
- Напредување во кариерата
- Нови предизвици во работењето
- Запознавање и работа со Enterprise продукти од водечките ИТ компании во светот (IBM, EMC, Vmware)
Заинтересираните кандидати потребно е да испратат кратка биографија на konkurs@ultra.com.mk, со назнака „IT System Engineer“ најдоцна до петок, 03.04.2015 година. Само кандидатите што ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор.