11/09/2014

Во согласност со Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во учебната 2014/15 година, пријавувањето на кандидатите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство ќе се одржи во периодот од 15 септември до 17 октомври 2014 година.
НАПОМЕНА: Уписот на магистерски студии мора најпрво да се изврши електронски, на системот за упис на нови студенти на УКИМ. Кандидатите ќе може да го извршат електронското пријавување од 15.09.2014.
Согласно Конкурсот, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во учебната 2014/2015 година ќе запише вкупно 480 студенти на магистерски студии.
Подетални информации во врска со уписите и студиските програми можете да најдете на веб страната, во делот Уписи - Магистерски студии.