31/05/2014

Johnson Matthey Macedonia ја најавува својата трета Летна програма за практиканти. Студенти ќе може да аплицираат за летна пракса во еден од повеќето оддели во компанијата. Компанијата нуди професионални пракси во разни полиња, меѓу кои производство, автоматизација, одржување, и многу други.
За праксата може да аплицираат студенти запишани на технички факултети. Заинтересираните кандидати потребно е да бидат запишани во 3 или 4 година на студии, или на постдипломски студии, да имаат познавање на англискиот јазик, познавање на Microsoft Office пакетот, добри организациски и комуникациски способности.
Заинтересираните кандидати потребно е да ги испратат своето CV и мотивациско писмо на оваа e-mail адреса.
Рокот за аплицирање за праксите трае до среда, 04.06.2014 година.
Целосниот оглас можете да го најдете во овој документ[PDF].
