14/05/2014

Codefest е програмерски маратон со натпреварувачки карактер, воглавно организиран за студенти од Република Македонија и регионот. Настанот за прв пат се организираше во февруари 2013, по идеја, иницијатива и организациски напор на тројца студенти од Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“, Охрид, Македонија.
Codefest 2014 ќе започне на 5 април од 9 часот и ќе трае до 6 април до 17 часот, односно 32 непрекинати часови. Настанот ќе се одржи во амфитеатарот на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ Охрид. Подетални информации за настанот можете да добиете во поканата за учество на Codefest 2014[PDF].
Аплицирањето за учество на настанот се врши преку Eventbrite сервисот, а официјалниот Facebook настан можете да го најдете на овој линк.
Подетални информации за настанот можете да добиете на овој e-mail, или на Facebook настанот.
