Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија објавува конкурс за практиканти и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат.

Институтот има потреба од тројца студенти со познавања или интерес во CMS (Content management systems) ориентирани платформи и развој на веб апликации, познавање на .NET технологии, работа со бази на податоци и веб дизајн. Заинтересираните студенти потребно е да испратат кратка биографија на dejan@pluto.iziis.ukim.edu.mk со назнака Пракса во ИЗИИС. За подетални информации кандидатите може да се информираат на истата e-mail адреса. Примените кандидати ќе започнат со практичната работа на 19.08.2013 година.