30/04/2013

YES Инкубатор организира работилница зa претприемачи во Скопје во соработка со бугарските акцелератори Eleven и LAUNCHub.
Работилницата ќе се одржи на 17 мај во времетраење од 11 до 16 часот. За да се пријават заинтересираните студенти потребно е да ја пополнат апликацијата и да ја испратат на yes@yes.org.mk. Апликацијата, како и подетални информации за настанот можете да најдете на веб страната на YES инкубаторот, или на овој линк. Пријавувањето трае до 5 мај.
