30/04/2013

На 12 април 2013 година во просториите на ФИНКИ се одржаа презентации со наслов „Како социјалните медиуми и напредните технологии можат да помогнат на националните и локалните власти да станат потранспарентни и да овозможат поефективно учество на граѓаните во процесот на донесување одлуки“ презентирана од г-дин Џулио Кваџо, меѓународен експерт и лидер на практиките на UNDP за знаење и иновација, и „Краток преглед на проектни активности на UNDP за промовирање на развојот и доброто владеење преку употреба на ИКТ и социјални медиуми“, презентирана од Тони Поповски, Координатор за децентрализација и локални развојни иницијативи, Сектор за добро владеење, од UNDP канцеларијата во Скопје. Во прилог се поставени фотографии од настанот.

