Компанијата Retell објавува отворен конкурс за работа и ги поканува студентите на ФИНКИ да аплицираат. Подетални информации можете да добиете во текстот што следува.
 

 
Ретелл е Британска компанија основана во 1986. Компанијата произведува и продава опрема за снимање на телефонски разговори во Англија и светот. Меѓу нашите стратешки партнери се произведувачи на централи како NEC, Panasonic, LG и други.
 
Компанијата нуди:
  • Јасен долгорочен кариерен пат и растечка плата
  • Полно работно време со договор на неопределено
  • Компанија во развој, лидер во индустријата на снимање телефонски разговори
  • Компанија каде вредностите и резултатите се важни, работејќи со компетентни колеги
 
Компанијата има потреба од C/C++ програмер за полно работно време.
 
Барања:
  • Најмалку 2 години работно искуство во C++ или C# (не веб ориентирано)
  • Искуство со архитектура и дизајн на софтвер
  • Искуство со multi-threaded, real-time, Linux, embedded или VoIP е предност 
Одговорности:
  • Развивање и оддржување на backend технологијата во компанијата
  • Учество во дизајн на производите на компанијата
  • Работи под SCRUM методологијата 
Заинтересираните кандидати потребно е да го пратат нивното CV на англиски јазик на danco.dimkov@retell.co.uk