Во петок, 22.03.2013, со почеток во 15 часот ќе се одржи презентацијата на компанијата SEAVUS за Space App Challenge на NASA. Презентацијата ќе се одржи во просторија И19 во долната зграда на ПМФ. Сите заинтересирани студенти на ФИНКИ се добредојдени да присуствуваат на оваа презентација.
 
Македонија оваа година станува дел од големиот Space App Challenge на NASA кој во светот прв пат се одржа во 2012 година во 25 градови на седум континенти. NASA Space App Challenge е создаден со цел преку меѓународна соработка да се создадат open- source решенија за глобалните потреби на животот на Земјата и во вселената. На настанот планирано е да учествуваат натпреварувачи од доменот на IT индустријата, софтвер и роботика кои групно ќе работат на десетина различни предизвици. Проектите ќе бидат оценувани од реномирани стручни лица од индустријата и академијата. Домакин и главен партнер на настанот е Seavus. Настанот е дводневен и ќе се одржи на 20-21 Април во Seavus eдукативниот и развоен центар.