Се покануваат студентите да аплицираат за стипендија за магистерски студии на Хамилтон институтот при Националниот универзитет во Ирска, во областа на Молекуларни комуникации. За успешниот кандидат потребно е да има солидно познавање во полињата на информациска теорија, математички основи, како и протоколи на комуникациски мрежи (познавање на молекуларна биологија не е потребно).
 
Ова е полновремена истражувачка позиција за 1.5 години за развивање на теоретски модели за кодирање на извори во мулти-хоп комуникациски наномрежи. Специфично, фокусот на проектот е да истражи како моделите од кодирањето на извори можат да бидат аплицирани на бактериските наномрежи.
 
Хамилтон институтот ја има една од најголемите истражувачка група за применета математика во Ирска и е межународен центар на извонредност. Успешниот кандидат исто така блиску ќе соработува со нано комуникацискиот центар (the Nano Communication Center (NCC)), со Тампере технолошки универзитет од Финска (Tampere University of Technology, Finland), и ќе помине одреден временски период во нано комуникацискиот центар (NCC). 
 
Оваа последипломска стипендија е возможна за ирски, ЕУ и меѓународни студенти и носи стипендија од 18,000 илјади евра (без такса). За да аплицира на оваа позиција, кандидатот треба да поднесе детално CV, мотивациско писмо, еден краток преглед на научни интереси и експертиза, како и имињата и адресите на двајца рецензенти кон: Prof. Doug Leith (Doug.Leith@nuim.ie).